Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Промоција на Регионален проект за зајакнување на млади
Да се зајакнат младите за да имаат подобри можности за вработување и активно учество на пазарот на труд е целта на регионалниот проект “Зајакнување на млади преку нови можности”, кој беше промовиран од страна на СОС Детско село во соработка со Херман Гмајнер Фонд Германија.
Проектот ќе се имплементира во Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина со поддршка на германското Министерство за економска соработка и развој и Херман Гмајнер Фонд Германија.
“Овој проект е многу важен затоа што е регионална иницијатива која ќе се имплементира во пет балкански држави за да ги зголеми можностите за вработување за околу 1.600 лица. Преку проектот ќе се поддржат младите, но исто така, ќе се даде придонес целиот регион да работи заеднички за европската иднина и да ги промовира европските вредности во овие општества. Со овој пристап и пред стартот на преговорите со Европската Унија, СОС Детско село во Северна Македонија ќе даде сериозен придонес во расчистување на начинот на креирање ново општество”, рече Н.Е Томас Герберих, амбасадор на Сојузна Република Германија во РСМ. Тој нагласи дека Германија ќе продолжи да го поддржува СОС Детско село во Северна Македонија.
Промоција на Регионален проект за зајакнување на млади


од лево кон десно: Гордана Вучиниќ, регионалната проектна координаторка, Вилфрид Вислоцил, претседател на УО на Фондацијата Херман Гмајнер, амбасадорот Герберих, Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, Јулијана Н. Гапо, Национален директор на СОС Детско село во Северна Македонија

Амбасадорот Герберих им се обраќа на присутните; во позадина: поранешна жителка на СОС Детско село во Скопје

Постери СОС Детско село