Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Филмско попладне на тема падот на ѕидот и Берлин

Нацртано на ѕидот: Трабант како го руши ѕидот, © dpa
На 9 ноември Германија ја слави 30-та годишнина од падот на Берлинскиот ѕид, кој, за време на студената војна, ја делеше Германија повеќе од 28 години.
По тој посебен повод срдечно Ве каниме на филмско попладне на тема падот на ѕидот и Берлин.
Термин: 9.11.2019, од 14:00 ч.
Место: Кинотека Скопје (у. Никола Русински бр. 1)
Се прикажуваат: „Борнхолмер Штрасе“ (траги-комедија од последните часови пред отворањето на ѕидот), „Гуд бај Ленин“ и “Небото над Берлин“.
Амбасадорот на СР Германија, Томас Герберих, ќе го отвори филмското попладне и кани на мал коктел во 16:00 часот