Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Економски прием на Германската амбасада
Заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф на 27.11.2019 година го одржа годишниот економски прием. Македонската влада ја претставуваа високи претставници од владиниот кабинет: Заменик претседателот на Владата д-р Кочо Анѓушев, министерката за финансии д-р Нина Ангеловска, министерот за странски инвестиции д-р Бардил Даути и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. На приемот учествуваа германските инвеститори, македонски економски експерти, твининг-експерти од различни области, како и реномирани институции. На овој настан земаа учество претставници од Германското друштво за меѓународна соработка GIZ, развојната германска банка KfW и Делегацијата на германското стопанство од германските стопански комори.
По поздравниот говор на г-дин Ото Граф, се обрати и Вицепремиерот д-р Кочо Анѓушев, кој ги истакна одличните економски односи помеѓу Германија и Северна Македонија. Трговската размена до крајот на оваа година ќе надмине 4 милијарди евра. Германија важи за значаен трговски партнер, со кој се остварува 47% од вкупниот извоз на земјата. Германските инвеститори во Северна Македонија даваат значителен придонес во економскиот развој. Околу 200 германски компании вработуваат околу 20.000 лица и креираат важни работни места.
Во продолжение гостите имаа можност за формални и неформални разговори и размена на искуства.
Економски прием на Германската амбасада

Заменик претседателот на Владата, д-р Кочо Анѓушев

Заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на Германската амбасада, Ото Граф

Гости (во средина: амабсадорот Герберих(