Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Претседателот на Владата Спасовски ја прими амбасадорката Холштајн за нејзината прва официјална посета
Премиерот Спасовски ѝ посака добредојде на новата амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, и ги истакна интензивните, одлични билатерални односи меѓу двете земји, кои доаѓаат до израз, меѓу другото, и во економската област со обем на трговска размена од повеќе од 4 милијарди евра во 2019 година, а со тоа Германија е трговски партнер број 1.
Германија заслужува благодарност за нејзината континуирана поддршка на земјата-домаќин на нејзиниот пат кон НАТО и ЕУ, а притоа двете земји имаат надеж дека првата меѓувладина конференција за преговорите за членство во ЕУ ќе се одржи за време на германското претседателство со Советот на ЕУ, во кое Германија е исправена пред големиот предизвик да ја направи Европа повторно силна со оглед на ковид-19 пандемија.
Претседателот на Владата Спасовски ја прими амбасадорката Холштајн за нејзината прва официјална посета

Амбасадорката Холштајн (средина) во првата официјална посета кај Претседателот на Владата

Претседателот на Владата Спасовски (2 од десно) за време на првата официјална посета на амбасадорката Холштајн

Амбасадорката Холштајн (2 од лево) и Премиерот Спасовски (3 од десно) за време на првата средба