Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за градинка во Пехчево

Галерија на фотографии

Заменик амбасадорот Ото Граф, директорката на детската градинка 7 Септември од Пехчево, Васка Симовска и градоначалникот на општина Пехчево, Драган Тренчовски на 7 јули 2021 г. потпишаа Договор за донација на машина за сушење и машина за пеглање во вредност од 5.505,- евра. Дополнителни 60.000,- денари градинката инвестира од сопствени средства.

Во градинката 7 Септември секојдневно се згрижуваат околу 100 дечиња, на возраст од 7,5 месеци до 6 години.

Донацијата има за цел да го поддржи развојот на социјалната заштита како и да ги подигне хигиенските и здравствени стандарди.

Проектот се финансираше од фондот Мали проекти при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија преку Амбасадата во Скопје.

Поддршка за градинка во Пехчево

Почеток на страницата