Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за дуалното стручно образование во Велес

09.05.2018 - Соопштение за печат

На 8 мај 2018 год. г-динот Марко Акватичи, заменик-амбасадор на Сојузна Република Германија, заедно со градоначалникот на Велес, г-дин Аце Коцевски, директорот на Маркварт-Македонија, г-дин Волфганг Ајхер, директорот на ССОУ „Коле Неделковски“, Боро Ристовски како и водичот на рели-тимот, д-р Петер Шауман во свечен чин ја предадоа донацијата во вредност од 40.000,- евра на средното стручно училиште во Велес.

Примопредавањето на донацијата беше модерирано од страна на г-дин Тобиас Боле, одговорниот експерт назначен за Македонија од германското Сојузно министерство за економија и енергетика со цел унапредување на дуалното стручно образование во земјата. Дуалното образование кое со децении е дел од образовниот систем на Германија од пред една година во Македонија се етаблира преку проект со помош на Делегацијата на Германските стопански комори, со цел да се подигне стандардот и економската моќ во земјата.

Од пред повеќе од 15 години секоја година се одржува хуманитарнотот рели Европа-Ориент со крајна цел во Јордан. Тимот „Олд Скул“ под раководствo на д-р Петер Шауман оваа година одлучи на својот пат да застане во Велес и да даде поддршка на средното стручно училиште. За таа цел во координација со Германската стопанска комора во Македонија собираше донации од повеќе компании во вид на материјали за уредување, училишен мебел и различен рачен и електричен алат за подобра практична настава.

Особено компанијата Маркварт, но и други дваесетина мали и средни претпријатија како и големи концерни, потоа училиштето од Еслинген и Минхен, но и поединечни донации, ја овозможија оваа голема акција.

Под силен медиумски интерес и меѓу претставници на македонсите министерства, претставници на германското стопанство во Македонија, директори на стручни училишта и ученици од ССОУ „Коле Неделковски“, градоначалникот и директорот на училиштето се заблагодарија за великодушната донација и ветија подлабока понатамошна поддршка на стручното училиште и дуалното стручно образование во Велес и цела Македонија.

Почеток на страницата