Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Денот на германскиот јазик!

Соопштение за печат

 Ден во знак на германскиот јазик!

По повод 10 годишнината од воведувањето на ПАШ, иницијатива за соработка со училиштата ширум светот за настава по германски јазик,  на 02.06.2018 година се одржа Денот на германскиот јазик.

На овој ден се претставија германски и австриски институции како и нивните македонски партнер-училишта и универзитети со своја програма. Македонски партнери се:
основните училишта „Ј.Х. Песталоци“, „Григор Прличев“ и „Владо Тасевски“, гимназиите „Георги Димитров“, „Јосип Броз Тито“ и „Браќа Миладиновци“, државните универзитети од Скопје, Штип и Тетово.

Во Градски парк  во Скопје (Школка) имаше разновидна програма, со презентации на сцена како и активности со интерактивно учество.

За завршница на програмата настапи дуото „Уве Каа“ со концерт.

Галерија

Почеток на страницата