Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Министерот за надворешни работи Мас за постигнувањето договор меѓу Скопје и Атина

Heiko Maas -Ministro Federal de Relaciones Exteriores, © Thomas Koehler/photothek.net
"Скопје и Атина денес напишаа историја. 25 години спорот за името на Поранешната југословенска Република Македонија стоеше меѓу Македонците и Грците. Одлична вест е дека двете страни сега најдоа решение и се согласија за името Република Северна Македонија.
Тоа исто така покажува што може да се постигне ако меѓународно се однесуваме со трпение, разум и почит едни кон други. Вредеше што никогаш не се откажавме од надешта, што бевме во постојана блиска размена и што двете страни и во тешки фази секогаш одново наоѓаа компромиси. Преговорите беа долги и макотрпни. Но, на крајот решителноста и визијата на двајцата премиери и нивните министри за надворешни работи доведоа до успех. На двете Влади им честитам од срце за овој историски договор!
Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина да придонесат за спроведување на овој историски договор. Бидејќи тој ги јакне добрососедските односи меѓу двете земји и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Освен тоа, сега е отстранета клучна пречка за приближувањето на Скопје на ЕУ и на НАТО."