Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Министер Мас за одлуката на ЕУ во врска со Македонија и Албанија

Reise von Außenminister Maas nach Luxemburg

Reise von Außenminister Maas nach Luxemburg, © Thomas Koehler/photothek.net

29.06.2018 - Соопштение за печат

На 28 јуни министерот Мас изјави за Доје Веле:

„Европската Унија оваа недела донесе важна одлука: Пристапните преговори со Албанија и Поранешната Југословенска Република Македонија може да почнат од 2019 година. Ние многу се залагавме за овој силен сигнал, кој го посочува патот и кој ги вреднува реформските постигнувања од последните години.

Преговорачкиот процес во Брисел не секогаш беше едноставен, но драго ни е што на крај беше постигнат компромис на сите 28 земји членки на ЕУ. Ги повикувам политичарите во Тирана и Скопје да го сфатат  овој успех како мотивација за ангажирано продолжување на реформите. Германија на најсилен можен начин и понатаму ќе ги поддржи во тоа.„

Почеток на страницата