Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Сојузната канцеларка Меркел имаше телефонски разговор со Премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, Зоран Заев

Asylstreit - Sondersitzung CDU-Vorstand

01.07.2018, Berlin: Bundeskanzlerin Angela Merkel (CDU) wartet auf den Beginn der Sitzung des CDU-Bundesvorstand im im Konrad Adenauer Haus. Spitzengremien von CDU und CSU wollen in getrennten Sitzungen über das weitere Vorgehen im Asylstreit entscheiden. Foto: Michael Kappeler/dpa +++ dpa-Bildfunk +++, © dpa

22.08.2018 - Соопштение за печат

Портпаролот на Сојузната Влада, Штефен Зајберт, соопшти:

Сојузната канцеларка Ангела Меркел денес имаше телефонски разговор со Премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, Зоран Заев.

Сојузната канцеларка повторно го поздрави тоа што Атина и Скопје се спогодија за прашањето со името, со што се олеснува приближувањето на поранешната југословенска Република Македонија до Европската Унија и НАТО. Премиерот ја образложи состојбата на подготовките за претстојниот референдум во неговата земја.

Покрај тоа, Сојузната канцеларка и Премиерот на поранешната југословенска Република Македонија разговараа и за регионално-политичкиот развој.

Почеток на страницата