Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Министерот за надворешни работи на Германија патува во Југоисточна Европа

Das Krisenreaktionszentrum des Auswärtigen Amts, © Auswärtiges Amt/dpa
Во понеделник министерот за надворешни работи Мас, ќе го започне патувањето во Југоисточна Европа.
Министерот прво ќе води политички разговори во Букурешт и ќе учествува на самитот на Иницијативата-три мориња. За првпат Германија зема учество на оваа Конференција, која е од големо значење за Источна Европа. Во вторник тој продолжува за Западен Балкан, прво за Скопје, во среда за Тирана. Таму првенствено ќе стане збор за реформскиот процес на двете држави и за понатамошниот пат во правец на ЕУ. Во центарот на разговорите ќе биде историскиот договор за спорот со името меѓу Скопје и Атина. На 30 септември во поранешната југословенска Република Македонија ќе се одржи референдум за Договорот со Грција, кој е значаен патоказ за земјата.
На крајот на патувањето, министерот за надворешни работи Мас ќе отпатува во официјална посета на Атина, каде ќе се разговара за билатерални теми и соработката во ЕУ.