Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Интервју на министерот за надворешни работи на Германија за МИА

Bundesaußenminister Heiko Maas

Bundesaußenminister Heiko Maas, © Thomas Imo/photothek.net

Соопштение за печат

Министерот Мас го даде интервјуто пред неговата посета на Скопје на 18 септември 2018 година.

Министре Македонија ја посетувате во период на интензивна дипломатска активност, пред претстојниот референдум, закажан за 30 септември. Канцеларката Меркел беше тука на Денот на независноста, 8 септември. Кусо по неа пристигнувате и Вие. Која ќе биде главната порака што ќе ја пренесете за време на средбите во Македонија?

Не можам да си замислам подобар момент за посета. Владите на Скопје и Атина во јуни испишаа историја. Спорот за името стоеше 25 години меѓу Македонците и Грците. Сега постои историска шанса за надминување на овој спор, а со тоа би се надминала и една од одлучувачките пречки за приближувањето на Скопје кон Европската Унија. Сакам да ги охрабрам Македонците да продолжат по овој пат. Истовремено јасно ќе пренесам: ние стоиме зад европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа ќе остане така.

Секако ќе се сретнете со вашиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров и со другите претставници на власта. Дали ќе има средба со претставници на опозицијата и доколку имате која ќе биде Вашата порака до нив?

Секако дека сме во контакт со сите демократски сили во земјата. Затоа и ќе учествувам на дебата во Скопје, каде различни гласови од македонското општество ќе имаат можност да бидат слушнати. Тоа ми е важно. Една демократија живее од критичната дебата. Истовремено е јасно: политичарот, без разлика дали од опозицијата или од владата, треба секогаш да ја стави својата работа во служба на граѓанките и граѓаните на земјата. Тоа важи за Германија, а тоа важи и овде.

Што ако референдумот не успее?

За нас овој референдум претставува одлучувачки патоказ за понатамошниот пат на Скопје во правец на ЕУ. Сепак, на крајот, Македонците треба сами да одлучат во која насока ќе се движат. Оваа одлука никој не може да им ја одземе, и добро е што е така. Важно е што е можно поголем број на граѓани да го искористат своето демократско право и да гласаат.

Доколку Договорот помине во Македонија, дали очекувате опструкции во Грција?

Договорот не би бил добар само за Македонците – и Грција ќе профитира од стабилноста и развојот во регионот. Во Договорот гледаме историска шанса, тоа важи за двете земји. Овој став ќе го истакнам и за време на мојата посета на Грција.

Почеток на страницата