Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Министерот за надворешни работа на Германија, Хајко Мас, за референдумот

Сојузниот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Сојузниот министер за надворешни работи, Хајко Мас, присуствува на потпишување на Декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Германија и Македонија, © Felix Zahn/photothek.net

Соопштение за печат

За референдумот во поранешната југословенска Република Македонија, министерот за надворешни работи, Хајко Мас, изјави (01.10.):

„Иако многумина би си посакале поголема излезност: се радувам што огромно мнозинство од оние, што го искористија своето демократско право, гласаа за договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат во правец кон ЕУ и НАТО и да се реши спорот, кој 27 години стоеше меѓу Македонците и Грците. Добро е што по консултативниот референдум сега за договорот ќе се расправа во македонскиот парламент.

Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина, да ги искористат шансите на историскиот договор и да го спроведат договорот. Тој ги засилува добрососедските врски меѓу двете држави и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Исто така тој отстранува важна пречка за приближувањето на Скопје кон ЕУ и НАТО“.

Почеток на страницата