Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Германската Рајнска филхармонија ќе гостува во Македонија

Deutsche Rheinphilharmonie

Deutsche Rheinphilharmonie, © Deutsche Rheinphilharmonie

Соопштение за печат

Во рамките на меѓународната културна размена, Германската Рајнса филхармонија под водство на Десар Сулејмани ќе настапи во Македонија.

По покана на културното здружение Алегрето, оркестарот ќе настапи во театарот Тетово во рамките на фестивалот „Сцена на класична албанска музика“ на 22 октомври 2018 г. со почеток во 19:30 часот. Влезот е слободен.

Изведени ќе бидат делата: Третата синфонија од Брамс, „Рапсодија во сино“ од Гершвин како и една премиера.

Воведен говор ќе одржи композиторот Фатос Лимани.

На 23 октомври 2018 година со почеток во 20:00 часот, оркестарот заедно со македонски музичари со истата програма ќе настапи во Македонската филхармонија во Скопје. Влезниот билет чини 100 денари.

Концертната турнеја се овозможува со поддршка од страна на културното здружение Алегрето Тетово и Гете Институтот Германија.

https://german-rhine-philharmonic.com/orchestra/who-we-are

Почеток на страницата