Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Сеќавање: 100 години од Првата светска војна

Ден на народна жалост

Венци и цвеќиња на германските воени гробишта во Битола, © Германска амбасада Скопје

Текст

„Крајно време е да се здружат силите за мирот, човековите права, демократијата.

Само тогаш сме ги извлекле вистинските поуки од ужасната трагедија пред 100 години, на која се сеќаваме овие денови.“

Со овие зборови државниот министер за Европа, Михаел Рот, го заврши својот говор во рамките на конференцијата „Да се добие мир – Првата Светска војна меѓу историјата, сеќавањето и сегашните предизвици“.

И во Македонија амбасадите на Германија и на Франција потсетија на трагедијата на војната. На 11 ноември, по повод „Volkstrauertag“ (Денот на народна жалост) и "Commémoration du 11 novembre 1918" (Денот на примирјето од Првата светска војна), на германските и француските воени гробишта во Битола се одржи заедничка комеморација.

Во присуство на претставници на државните и локалните власти, како и на дипломатскиот кор и на здруженијата, амбасадорот на Сојузна Република Германија го одржа својот говор на француските воени гробишта, а амбасадорот на Република Франција им се обрати на присутните на германските воени гробишта во знак на помирувањето меѓу двете држави и како уште еден доказ за германско-француското пријателство.


Говор на амбасадорот Томас Герберицх на француските воени гробишта во Битола

Комеморацијата во Битола - галерија

други содржини

Почеток на страницата