Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Меѓународната парламентарна стипендија на германскиот Бундестаг за 2020  г.

Europa-Flagge vor dem Bundestag

Europa-Flagge vor dem Bundestag, © picture-alliance/dpa

Соопштение за печат

Во рамките на Меѓународната парламентарна стипендија на германскиот Бундестаг (ИПС) вкупно 120 стипендисти од 42 држави ќе добијат можност од почетокот на март до крајот на јули  2020 година да го запознаат парламентарниот систем на Германија во рамките на стипендијата што е финансирана од германскиот Бундестаг. Целта на програмата е одблизу да се доживеат политичките текови и демократските процеси на одлучување. Стипендистите работат во канцеларијата на некој пратеник и истовремено може да посетуваат предавања на универзитетите во Берлин.

Програмата е под покровителство на претседателот на германскиот Бундестаг и се нуди во соработка со трите универзитети во Берлин.  Сите патни трошоци, сместувањето и осигурувањето ги покрива германскиот Бундестаг.

Повеќе информации за програмата може да најдете на интернет страната: http://www.bundestag.de/ips

Рокот за аплицирање завршува на 31 јули 2019 година.  Апликациите треба да се достават исклучиво по електронски пат до Амбасадата на СР Германија: info@skop.diplo.de!

Почеток на страницата