Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Заедно за Европа: Германија и Франција го склучуваат Договорот од Ахен

Franco-German Cooperation

Franco-German Cooperation, © Michael Gottschalk/photothek.net

10.01.2019 - Текст

Германија и Франција ги соединуваат силите преку амбициозен договор и застануваат зад силна и суверена Европа

На 9 јануари 2019 година Соjузниот кабинет ја даде својата согласност за потпишување на договорот меѓу Германија и Франција за соработка и интеграција. Договорот од Ахен ќе биде потпишан на 22 јануари 2019 година  од страна на сојузната канцеларка Меркел и претседателот Макрон во Ахен. Новиот договор нема да го замени Елисејскиот договор од 1963 година, туку го продолжува. Двата договори ќе имаат рамноправно значење.

Со Елисејскиот договор, Германија и Франција пред 56 години ги извлекоа поуките од крвавото минато и поставија историски правец. Вековното – наводно наследено – непријателство се претвори во германско-француско пријателство. Конфронтацијата, која во повеќе наврати ја втурна Европа во војна и уништување, се претвори во мотор за европско обединување.

Поопширно на англиски јазик

Почеток на страницата