Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

56 години германско-француско пријателство и партнерство

Franco-German Cooperation

Franco-German Cooperation, © Michael Gottschalk/photothek.net

Текст

На 22 јануари 1963 година, сојузниот канцелар Аденауер и претседателот де Гол го потпишаа германско-францускиот Договор за пријателство, познат како Елисејскиот договор, кој даде значаен придонес за историското помирување меѓу двете земји.

Надоврзувајќи се на овој Договор, сојузната канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон на 22 јануари 2019 година го потпишаа Договорот за соработка и интеграција во германскиот град Ахен. Со овој нов договор, кој ќе ги прошири веќе блиските односи меѓу Германија и Франција во економската, надворешната и безбедносната политика, во областите култура и образование, истражување и технологија, клима и животната средина, како и во однос на соработката меѓу граничните региони и невладиниот сектор, Германија и Франција сакаат заедно да се соочат со предизвиците на 21 век и да го унапредат својот ангажман за силна, суверена и демократска Европа.

По повод потпишувањето на Договорот, амбасадорите на Сојузна Република Германија и Република Франција, г-н Томас Герберих и г-н Кристиан Тимоние, поканија на проекција на германско-францускиот филм „Транзит“ во режија на Кристиан Пецолд, според истоимениот роман од Ана Сегерс, што ја раскажува приказната на еден Германец, кој за време на Втората светска војна поради националсоцијалистите бега во Франција.

Настанот беше организиран во соработка со Лоја Центар Тетово и Alliance Française de Tetovo.

По завршување на филмот, публиката беше поканета на дискусија на темата „Германско-француски Договор за пријателство во контекст на актуелните предизвици на Македонија и на регионот Западен Балкан.

Галерија

Договорот од Ахен

A voice for Europe – Germany and France forge even closer ties 

Five things you need to know about the Treaty of Aachen 

To mark the signing of the Treaty of Aachen, Germany and France have announced the establishment of joint cultural institutes. The first institutes are to be based in Bishkek, Erbil, Rio de Janeiro and…

Germany and France establish joint cultural institutes 

In an ambitious treaty, Germany and France are pooling their strengths and demonstrating their commitment to a strong and sovereign Europe.

Joining forces for Europe – Germany and France agree the Treaty of Aachen

Почеток на страницата