Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

14 Фестивал на Новиот германски филм!

Ich liebe Film

Ich liebe Film, © Aleksandar Dautovski

Текст

Драги пријатели на германскиот филм!

По една година прекин повторно дојде време. Фестивалот на новиот германски филм ги отвора своите врати по 14 пат. Многуте прашања минатата година уште повеќе нѐ охрабрија да продолжиме со овој настан со нови возбудливи филмови.

Еден од нив ќе биде претставен од неговата едиторка, која е дојдена тука за Фестивалот.Дополнително на филмовите за возрасни, млади и деца, коишто традиционално ги прикажуваме, за првпат во рамките на Фестивалот имаме и кратки филмови, презентирани од директорот на реномираниот берлински Фестивал на кратки филмови „Интерфилм“.

Сакаме да иницираме дијалог меѓу нашите гости и студентите по драмски уметности, филмските експерти и љубителите на филмот, за да го оправдаме мотото „Сакам филм“  не само од перспектива на публиката. Но, најзначајни се секако филмовите.
И овој пат нудиме шарен микс: комедија, драма, трилер, итн., кратки филмови и три прекрасни детски филма.Разгледајте ја брошурата и изберете ги Вашите фаворити – или дојдете на сите проекции. Сигурен сум дека вреди.

Оваа опширна програма не би било можно да се реализира без великодушната поддршка на нашите партнери и спонзори, Македонски Телеком, Прокредит Банка, Гете-Институт, МКЦ и Кино Милениум, Универзитетот во Штип, како и центрите за култура во Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Охрид, Прилеп, Тетово и Радовиш.

Ви посакувам добра забава, каде истовремено ќе добиете претстава за германското општество и јазик.

Томас Н. Герберих
Амбасадор на Сојузна Република Германија

На овој линк ќе најдете информации околу содржината на филмовите и во врска со термините на проекциите.

Почеток на страницата