Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Конкурс за меѓународни курсеви за професори по физичка култура и тренери

Логотип инициативы «Мобилизовать людей» Федерального министерства иностранных дел по содействию спорту

«Мобилизовать людей», инициатива содействия спорту Федерального министерства иностранных дел, © Auswärtiges Amt

06.06.2019 - Соопштение за печат

Секоја академска година Факултетот за спорт при Универзитетот во Лајпциг, со поддршка на Сојузното министерство за надворешни работи, организира меѓународни курсеви за професори по физичка култура и тренери во траење од 5 месеци.

Видот на курсевите се менува секоја година, а во 2020 година се нудат курсеви за тренери во областите: одбојка, атлетика, фудбал и спорт на лица со посебни потреби.

Сите потребни информации, услови и документите за апликација може да се најдат на овој линк.

Апликацијата се доставува на адресата на Амбасадата на СР Германија во Скопје најдоцна до 10 август 2019 година, која проверува дали документите се комплетни и ги доставува до Универзитетот Лајпциг.

Амбасада на СР Германија
Оддел за култура и образование
ул. Леринска 59, 1000 Скопје

Почеток на страницата