Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Премиер Заев прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство

Премиер Заев прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство

Премиер Заев прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство, © Германска амбасада Скопје

13.06.2019 - Соопштение за печат

Премиерот на Република Северна Македонија на 10 јуни 2019 г. во својот кабинет прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство за земјите од Западен Балкан.

Од 2003 година па наваму, Комитетот на гермаското стопанство за Источна Европа, во соработка со Сојузното министерство за економска соработка и развој BMZ и Германското друштво за меѓубародна соработка GIZ, ja спроведуваат стипендиската програма на германското стопанство  за млади апсолвенти и студенти од Северна Македонија, Албанија, БиХ, Косово, Хрватска, Црна Гора и Србија. Програмата им нуди на младите луѓе можност да апсолвираат обука насочена кон практика во рамки на три- до шестмесечна пракса и работа во една од водечките германски компании. Корисниците на стипендијата стекнуваат увид во културата на едно од 200 претпријатија и учат модерно менаџирање и организација при работа. По својот престој во Германија тие се враќаат во својата татковина каде можат да го применат стекнатото знаење и вештини. Стекнатите искуства и контакти го јакнат економскиот развој во нивните родни земји и ги унапредуваат билатералните врски со Германија, но и екномските врски и заедничката мирољубива комуникација во рамките на регионот.

Алумните имаа можност да му ги пренесат на премиерот Заев искуствата од Германија и од регионалното вмрежување, како и со него да учествуваат во активна размена на мислења на актуелни теми.

Премиерот ги истакна добрите германско-македонски билатерални економски врски и значењето на Сојузна Република Германија како стратешки партнер за Република Северна Македонија и го изрази своето задоволство за овие млади успешни луѓе.

Заеднички беше заклучено, дека младата работна сила е најважна за понатамошниот политички, општествен и економски развој на една земја. Мотивацијата на младите луѓе да придонесуваат кон тој развој е од исклучтелно значење. Сепак тоа е единствено можно, доколку се создадат добри предуслови за работа и реализација на идеите, кога стручните луѓе се наоѓаат на соодветни позиции каде можат да го применат и да придонесат со своето знаење и кога нивните иницијативи се почитуваат и земаат предвид како во државните институции, така и во приватниот сектор.


Премиер Заев прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство
Премиер Заев прими група македонски алумни од стипендиската програма на германското стопанство© Германска амбасада Скопје

Почеток на страницата