Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

„Social Friday“, иницијатива која вреди да се поддржи

Social Friday на германската амбасада

Social Friday на германската амбасада, © Германска амбасада Скопје

19.07.2019 - Соопштение за печат

Повеќе од една година амбасадорот Герберих ја поддржува иницијативата на швајцарската фирма БРЕОН и неговиот управител, Фикрет Зендели,  „Social Friday„ овде, во Северна Македонија.

За прв пат, на 19 јули, еден германски амбасадор беше домаќин на настан во рамките на оваа иницијатива.
Во партнерство со Полио Плус, движење против хендикеп, кое се ангажира за лица со посебни потреби, и фирмата БРЕОН, во резиденцијата на амбасадорот се сретнаа луѓе со и без хендикеп за да поминат опуштено попладне со графити и скара и разговори за сé она, што во денешното време нè занима.

Поопширни информации за иницијативата и нашите партнери може да најдете на следните линкови:

Social Friday
Полио Плус

Почеток на страницата