Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Слика лево: Државниот министер Михаел Рот со документот за ратификација; Десно: Заменик-амбасадорот на Германија во САД го предава документот за ратификација, © Auswärtiges Amt
Вчера, 23 август 2019 година, заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во САД, го предаде официјалниот документ за ратификација на протоколот за пристапот на Република Северна Македонија во НАТО.
Со тоа, во Германија постапката за ратификација за пристапување на Северна Македонија во НАТО е завршена.