Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

За Германија, започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со Република Северна Македонија останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа

European flag

EU-Fahne | Verwendung weltweit, © chromorange

22.10.2019 - Соопштение за печат

За Германија, започнувањето на пристапните преговори на Европската унија со Република Северна Македонија е и останува да биде суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа.

Германија е на посебен начин поврзана со Западен Балкан, не само политички, туку и економски и општествено преку многуте луѓе од овој регион што живеат кај нас. Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската Унија. За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме. Ова е најдобриот предуслов за да се унапредат реформите и развојот на правната држава, а со тоа ова е и најдобриот предуслов за благосостојба, стабилност и безбедност внатре во Европа.

Германскиот Бундестаг со својата одлука на 26 септември 2019 г. ја исполни оваа одговорност. Нашата позиција не се промени, и таа и понатаму треба да служи како импулс за размислување за другите. И ние сме за тоа, пристапниот процес во целина да биде потранспарентен и подобар. Но, исто така сме уверени, дека вреди да ѝ се понуди европска перспектива на Република Северна Македонија.

Германија и понатаму ќе ја поддржува Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, како што тоа секогаш сме го правеле. Сметаме на тоа, Северна Македонија да ги интензивира реформите и со тоа да ги убеди сите, кои сѐ уште би имале сомнеж, дека нејзиното место е во ЕУ!

Почеток на страницата