Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

57 години од потпишувањето на Елисејскиот Договор меѓу Германија и Франција

Die Flaggen Deutschlands, Frankreichs und Europas vor dem Reichstag in Berlin.

Die Flaggen Deutschlands, Frankreichs und Europas vor dem Reichstag in Berlin., © dpa

14.01.2020 - Соопштение за печат

Амбасадите на Германија и Франција во Скопје би сакале да потсетат на Елисејскиот договор, склучен пред 57 години на 22 јануари 1963 година помеѓу канцеларот Аденауер и претседателот Де Гол.

По тој повод, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих, и амбасадорот на Република Франција во Скопје, Кристијан Тимониер, заедно Ве покануваат на проекција на филмот: „Тајните на шумата“ од Лик Жаке.

Термин: четврток, 23 јануари 2020, 19:00 часот
Место: Кинотека (ул. Никола Русински бр.1, Скопје)

Настанот ќе почне со мал коктел во 19:00 часот на покана од двајцата амбасадори.

Темата на филмот е џунглата како еколошки систем. Врз основа на густите шуми во Франција, Перу и Габун, се погледнува во историјата на еволуцијата, но, исто така, се упатува на опасноста која се крие во иднината доколку природата не се заштити соодветно.

Со потпишувањето на Елисејскиот договор тогашната Сојузна Република Германија и Република Франција го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 57 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат взаемна размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка. Постојат голем број на збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации.Поради нејзиниот посебен карактер, германско-француската соработка игра важна улога во процесот на европската изградба, а со тоа на Германија и Франција им припаѓа и значајна улога во врска со македонското доближување на Европската Унија. Германско-француското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите.

Воедно со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Германско-француската младинска организација (ДФЈВ), која оттогаш поврза безброј германски и француски млади луѓе. ДФЈВ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Северна Македонија.

Покана на филмска вечер по повод Елисејскиот договор
Покана на филмска вечер по повод Елисејскиот договор© Амбасада на Република Франција во Скопје

Почеток на страницата