Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Конкурс за меѓународни курсеви за професори по физичка култура и тренери

«Мобилизовать людей», инициатива содействия спорту Федерального министерства иностранных дел, © Auswärtiges Amt
Секоја академска година Факултетот за спорт при Универзитетот во Лајпциг, со поддршка на Сојузното министерство за надворешни работи, организира меѓународни курсеви за лица со завршено универзитетско образование во областа спорт, за професори по физичка култура и тренери во траење од 5 месеци.
Видот на курсевите се менува секоја година, а во 2021 година се нудат курсеви во областите: пливање, ракомет, кошарка, пинг-понг, конденционен тренинг.
Сите потребни информации, услови и документите за апликација може да се најдат тука.
Апликацијата се доставува на адресата на Амбасадата на СР Германија во Скопје најдоцна до 25 февруари 2020 година, која проверува дали документите се комплетни и ги доставува до Универзитетот Лајпциг.
Амбасада на СР Германија
Оддел за култура и образование
ул. Леринска 59, 1000 Скопје