Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Нова постдипломска студиска програма по дидактика и методика на наставата по германски јази

Grünes Logo des Goethe-Instituts

GI Logo, © Goethe-Institut

13.02.2020 - Соопштение за печат

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во тек е пријавувањето за упис на вториот циклус академски студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик во вториот рок во академската 2019/2020 година.

Новата студиска програма, која има цел да го унапреди постдипломското образование на наставниците по  германски  јазик е резултат на Договорот за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и Гете-институтот во Скопје.

Студиската програма содржи општообразовен дел, неопходен за вториот циклус студии во полето на науката за јазикот, и стручнообразовен дел, неодминлив за областа на наставата по германски како странски јазик во актуелните услови на работа. Стручните предмети се произлезени од модулите на новата образовна серија Да научиме да држиме настава по германски јазик (Deutsch Lehren Lernen – DLL), која ја издаде Гете-институтот, водечка институција за усовршување на наставниците по германски јазик во светот, како одговор на изменетите критериуми за квалификација на наставниците по германски јазик со цел да си ги прошират -дидактичко-методското знаење и наставната вештина.

DLL-предметите се реализираат со настава во училница и со онлајн настава, со соработка со универзитетски професори и со обучувачи во дигиталните медиуми, со теоретска и со практична настава, со печатени материјали и со електронски медиуми, со апсорбција на знаење и со рефлексија, со размена на мислења и на искуства и со саморефлексија.Лицето што ќе ги заврши едногодишните студии, ќе го стекне називот магистер по дидактика и методика на наставата по германски јазик.

Пријавувањето на кандидатите завршува на 2.3.2020 година, а рокот за запишување е 3 – 5.3.2020 година.

Почеток на страницата