Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Помош за Заводот за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Помош за Заводот за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Амбасадорот Герберих, директорот Фатмир Ејупи и логопедот во новиот логопедски кабинет, © Германска амбасада Скопје

26.02.2020 - Соопштение за печат

На 25 февруари 2020 година, амбасадорот Герберих му ги предаде на Заводот за рехабилитација за деца и младинци со попреченост собраните средства од Божиќниот пазар во 2018 година во вид на логопедска опрема во вредност од околу 5.560 евра. Со тоа, после 25 години работа без соодветни технички можности на вработениот логопед, тој сега е во можност професионално да работи со децата и да им помогне.

Установата има и дневен центар и интернат, во кој постојат групи од „цимери“ кои треба да им овозможат на младите лица со попреченост колку што е можно посамостоен живот. Тој вид на згрижување е релативно нов. 27 деца и младинци живеат во интернатот, а 42 редовно го посетуваат дневниот центар. Всушност, сместувањето е предвидено за лица до 26 годишна возраст, но некои од нив остануваат и подолго, бидејќи нема други алтернативи на згрижување. Центарот е изграден во 1965 година. Тогаш беше една од најсовремените установи од таков вид, но денес му е потребна секаков вид поддршка.

Галерија на фотографии

Почеток на страницата