Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Д-р Катерина Вељановска Блажевска
Мојата соработка со германското општество започна преку учество на реномирана лидерска конференција пред една декада, организирана од страна на Atlantik-Brücke, асоцијација која функционира во служба на германско-американско пријателство, во насока на продлабочување на соработката помеѓу Германија, Европа и Америка на сите нивоа.
Искуството беше и повеќе од позитивно, имајќи во предвид дека имав можност да споделам ставови, мислења и анализи со истакнати претставници и експерти од политиката, науката, бизнис сферата, медиумите, а пред се од двете страни на Атлантикот. Моето учество овозможи да постанам алумни на оваа реномирана Асоцијација, што уште повеќе придонесува за стабилност и континуираност на моите релации со експерти од Гарманија и други делови на Европа и Америка.
Пред неколку месеци, имав можност да учествувам на селектиран собир во насока на градење на ефикасна стратегија за идна безбедносна политика на Европа, зајакнувајќи ги транс-атлантските односи, со присуство на експерти, функционери, како и научно-истражувачки кадар од Европа и Америка. Станува збор за особено суштинска програмска рамка за креирање на идни лидери во безбедносната структура, во организација на German Bundeswehr (Вооружени сили на Германија) и Федералното Министерство за одбрана, како стипендист на German Marshall Fund of the United States in Washington, при програмата за глобално лидерство.
Особена гордост е алумни соработката која продолжува после секој професионален собир и ангажман, на основа на што долгорочно се градат капацитети и соработки, кои се од особена важност во услови на сите глобални предизвици со кои тековно се соочуваме.
Наскоро очекувам нови искуства и соработки, за кои дополнително ќе ве известам. Продолжувам со идните подвизи и позитивен елан во градење на македонско-германските односи и проширување на контекстот на истите.
Искрено,
Д-р Катерина Вељановска Блажевска
Универзитетски професор
Експерт за јавни политики и комуникации
Д-р Катерина Вељановска Блажевска




