Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Маријана Палашевска: Гете Институт

19.05.2022 - Галерија на фотографии

Постојат многу начини да го научите германскиот јазик во Германија. Има многу повеќе предности кога се учи јазикот во некој од Гете-Институте во Германија, на пример можете да го научите јазикот за краток временски период и да ја запознаете културата и луѓето во секојдневниот живот. Дополнително, се движите во меѓународно опкружување, што ве поттикнува да зборувате германски уште од првата лекција и наученото директно да го применувате во вашето слободно време. За мене тоа беше уникатно искуство. Ги користев и културните и рекреативните програми на институтот за да го вежбам својот германски јазик. Со учесниците на курсот научивме повеќе отколку што очекувавме и стекнавме многу поголема доверба во познавањето на германскиот јазик. Можам слободно да ја истакнам поддршката што ја добивме од локалните наставници, пријателствата што ги направивме со учесниците на курсевите од други земји, културните и рекреативните активности и многу други работи.



Маријана Палашевска: Гете Институт

Почеток на страницата