Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Германската читалница: Маријана Палашевска

19.05.2022 - Галерија на фотографии

„Во 1992 започна нашата прва германско-македонска кооперација помеѓу нашите земји Германија и Северна Македонија. Оттогаш односите и размената помеѓу Германија и Северна Македонија се во постојан пораст. Сега славиме веќе 30 години германско-македонска соработка. Спогодбата за културна соработка помеѓу двете држави, потпишана на 16 октомври 1997 година, ја претставува основата за културните односи.“

Германската читалница беше основана во 1994 г. на иницијатива на Гете-Институт и во соработка со Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија во библиотеката домаќин Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и на големо жалење на многу корисници и читатели беше затворена во 2017 година.

Во 2014 година, Германската читалница го прослави својот 20-годишен јубилеј на кој присуствуваа голем број гости, соработници на Читалницата. Долу, низ неколку фотографии може да се види пријатната атмосфера, што владееше на приемот, на задоволство на обете инволвирани страни.

Фондот опфаќаше околу 6000 б.е.. Освен тоа во Читалницата се одржуваа настани, како литературни читања, семинари и работилници во соработка со многу германски институции во земјата и се разбира со поддршка на Гете-институт во Скопје. Од јули 2007 година во Скопје доби и претставник на Гете-Институтот со своја канцеларија. Во Германската читалница во Скопје можеше да се најдат избор на актуелни печатени и аудио-визуелни материјали на германски јазик со кои сакавме да укажеме на некои трендови и современи теми.

Во читалницата можеше да се зајмат: германски книги, германска литература за деца и младинци, речници и лексикони, германски дневни и неделни весници, германски стручни списанија, музички ЦД-а и аудио-книги на ЦД-а, ДВД-а

- Интернет-пристап

- Онлајн-зајмување

Се нудеше и посебен фонд за германски како странски јазик, а заинтересираните можеа да добијат и одговор на различни теми во врска со Германија. Долгата светла просторија на Читалницата со флексибилниот мебел одлично беше прилагодлива за литературни читања, предавања, работилници, изложби на плакати и книги. Во затворената просторија во задниот дел можеше да се одржуваат

семинари, настава по германски јазик и филмски проекции. Во предниот дел во близина на списанијата се наоѓаше катче за читање каде корисниците опуштено можеа да пролистаат весник или да читаат книга.

Одвреме-навреме за поголеми културни и образовни настани Читалницата ги користеше и просториите на НУБ.

Како библиотекар во Германската читалница имав можности.да посетам неколку семинари за библиотекари, поддржани од страна на Гете-Институтот. Имав прилика и да бидам стипендист на Гете-Институт и да посетувам курс во Минхен, Германија, за доусовршување на моето познавање на германскиот јазик.

Германската читалница: Маријана Палашевска

Почеток на страницата