Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Повик до сите поранешни стипендисти во Германија
Драги алумни,
Како Германска амбасада ни е многу важно да одржиме добри контакти со алумните на нашите германски стипендиски програми. За да можеме и во иднина да имаме размена со Вас и да Ве поздравиме на нашите настани, потребна е еднократна регистрација во нашата новата алумни банка на податоци. Затоа ги молиме сите заинтересирани алумни да ни пратат мејл со следните податоци:
- Име, презиме и податоци за контакт (мејл адреса, опционално број на телефон)
- Звање/титула и организација
- Актуелно живеалиште
- Кога и од која организација сте ја добиле стипендијата за Германија (на пример ДААД-стипендија од јули 2020 г. до јануари 2021 г.)
Срдечно Ви благодариме
Вашата Германска амбасада