Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Наградна игра за 30 години германско-македонска соработка

28.07.2022 - Текст

Учествувајте во нашата мала наградна игра!

Учествувајте во нашата мала наградна игра и испратете ни ги Вашите одговори до 12 август 2022 преку формуларот за контакт

Добитниците на наградите ќе бидат известени по мејл. Доделувањето на наградите ќе биде за време на заедничката прослава на Амбасадата и германските институции во земјата на 17. септември во Градскиот парк во Скопје. На сите учесници им посакуваме многу забава и среќа! 

Сега кон прашањата: 

  1. Кога се воспоставени германско-македонските дипломатски односи?
  2. Како се вика актуелната германска Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Северна Македонија?
  3. Колку германски институции се наведени на веб-страната на германската Амбасада во Скопје?  
  4. Kако се вика германската банка за развој, која е активна во Северна Македонија?
  5. Од кога постои Германско-македонското стопанско здружение?
  6. Во која индустрија се најактивни германските фирми во Северна Македонија?
  7. Колку изнесуваше трговската размена меѓу Германија и Северна Македонија во 2021 според македонскиот Завод за статистика?  
  8. Колку мали проекти има поддржано германската Амбасада во 2021 година?
  9. Кoи се двете средни училишта во Скопје каде што може да се полага испитот Германска јазична диплома? 
  10. На кој ден Германија го слави денот на германското единство?

Ваша Германска Амбасада Скопје 


Почеток на страницата