Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
15 години стипендиската програма „Зоран Џинџиќ“ на Германското стопанство за земјите од Западен Балкан

На 12 март 2003 година првиот демократски избран премиер на Србија, д-р Зоран Џинџиќ, стана жртва на атентат врз него. По тој повод, Комитетот за источно-европски односи на Германското стопанство заедно со Сојузното министерство за економска соработка и развој ја иницираа стипендиската програма на Германското стопaнство за земјите од Западен Балкан, која им овозможува на студенти и носители на научна титула од седумте партнерски земји на програмата да учествуваат на усовршување и дообука во германски претпријатија во Германија.
Стипендиската програма на Германското стопанство се спроведува по налог на Сојузното министерство за економска соработка и развој од страна на Друштвото за меѓународна соработка. Главен носител на реализацијата е Комитетот за источно-европски односи на Германското стопанство во Србија заедно со Фондацијата Зоран Џинџиќ.