Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Конкурс за климатски проекти распишан од Министерството за надворешни работи на Германија за 2018 г.

06.02.2018 - Соопштение за печат
Klimawandel
Klimawandel© dpa

Додека Климатската конференција во Бон даде јасен политички сигнал за спроведување на историската Спогодба од Париз, германската дипломатија за животна средина и клима сѐ повеќе се занимава и со економските, социјалните и, пред сѐ, надворешно-политичките последици од климатските промени.

Се бараат креативни климатски проекти што ќе бидат поддржани од германското Министерство за надворешни работи со средства од климатската надворешна политика. Ве молиме внимавајте на тоа содржината на проект-предлозите да биде исклучиво за климата, за да се избегне преклопување со други енергетски теми (на пример: обновливи енергии и енергетска ефикасност). Можни се и предлог-проекти кај кои акцентот не е ставен на климата, како на пример биодиверзитетот.

За 2018 година беа избрани следниве тематски акценти:

  • Како реагира Вашиот регион на ресурсите што се намалуваат и / или на екстремните временски прилики? Како може навреме да го препознаеме потенцијалот за конфликт и да делуваме против тоа? Накратко: како да ги етаблираме заштитата на климата и одржливиот развој како постојани елементи на превентивната безбедносна политика?
  • Како да ја засилиме интернационалната заштита на биодиверзитетот, видовите и животната средина во рамките на политичкиот дијалог? Како да изградиме свест за нејзините позитивни споредни ефекти?
  • Како да ја зајакнеме свеста за заштитата на климата и животната средина и Агендата 2030 како и за нивната меѓусебна зависност? Како може политиката да ги интегрира нивните импликации во пресметката за економичност на учесниците на пазарот?
  • Како може градовите да станат поеколошки и со тоа поотпорни на последиците од климатските промени (Smart Cities, Green Cities)? Како може да ги искористиме know-how и фактичката моќ на градовите за спроведување на Спогодбата од Париз и Агендата 2030?

Врз основа на овие акценти, климатските проекти треба да ги појаснат германската климатска политика и македонската, да изградат свест, да ги истакнат и да им дадат поголемо значење на заштитата на климата и животната средина и одржливиот развој како дел од превентивната безбедноста политика. Конкретно, покрај класичните теми како намалување на последиците од климата и прилагодување на климатските промени, потенцијалите на климатско-поволните технологии и економија, и темите како ограниченост со ресурси (расположливост со вода и прехранбени производи), конкретните безбедносно-политички последици и зголемувањето на овие проблеми во градовите може да понудат допирни точки.

Слободно може да го изберете форматот на Вашите проекти од климатскиот фонд, на пр.:

  • Конференции, Side-Events, работилници и подиумски дискусии, што ќе ги поврзат носителите на одлуки
  • Обука и доквалификација на мултипликатори во земјата-домаќин
  • Комуникација со јавноста во форма на авторски статии

Ова набројување не е во никој случај конечносе чека на Вашите идеи!

Првенствено ќе одбереме проекти коишто се упатени кон релевантни заинтересирани страни (Stakeholder) надвор одзаедницата за климатска заштита“, на пр. граѓанското општество, фирми и претставници од приватниот сектор или владини претставници надвор од министерствата за екологија.

Проектите би требало да бидат завршени до 31.12.2018 година.

Предлог-проектите треба да се достават на англиски или германски јазик на приложениот формулар, вклучително и буџетот за проектот најдоцна до 02 март2018г. до Германска амбасада Скопје. Лице за контакт: Госпоѓа Серафимовска, тел.: 02-3093-845, Е-мејл: wi-100@skop.diplo.de

други содржини

Сродни содржини

Почеток на страницата