Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поздравно обраќање

Текст

Драги посетителки и посетители,

Срдечно добредојдовте на интернет-страницата на Германската амбасада во Скопје!

Како нова германска амбасадорка ми претставува задоволство да ја застапувам мојата земја кај Вас и да придонесам за понатамошно зближување меѓу нашите земји и луѓето во нив. Северна Македонија во изминатите години спроведе важни смерници и чекори на патот на евро-атлантската интеграција со импресивна амбициозност. Германската амбасада е горда што и понатаму може да ја поддржи Северна Македонија на овој пат како доверлив партнер. 

Нашите односи се разновидни и блиски во сите области: политика, економија и култура. Податоци за нив, но и интересни нешта за Германија, како и практични информации и упатства, може да најдете тука.

Ви нудиме информации и линкови за:

- Германија и германско-македонските односи

- Германската надворешна и европска политика

- Прашања во врска со визните одредби, можности за студирање, контакти во Германија

- Прашања во врска со конзуларни работи за германски државјани

- Активности на Германската амбасада во Скопје

- Германски институции во Република Северна Македонија.

Вашите прашања и напомени, се во секое време добредојдени! Образецот за контакт Ви стои на располагање.

Ви посакувам уживање и успех при пребарувањето и во текот на Вашето виртуелно патување во Германија!

Со почит,

Анке Холштајн
Амбасадорка

Сродни содржини

Почеток на страницата