Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Најчесто поставувани прашања во врска со визите

FAQ

Можно e Вашето прашање да е веќе одговорено овде. Ве молиме, внимателно разгледајте ги овие прашања пред лично да стапите во контакт со амбасадата. Благодариме! Ве информираме дека амбасадата во интерес на време, нема да одговара на прашања кои овде веќе се одговорени.

FAQ

Термин Ви е потребен за поднесување барање за национална виза.

Можете да се регистрирате за термин за поднесување барање за виза преку порталот за термини на амбасадата.

Детални информации за постапката за закажување на термин може да најдете овде.

Времето на чекање за термин за поднесување барање за виза зависи од категоријата на виза. Амбасадата нагласува дека прикажаното време на чекање се предвидувања врз основа на тековните капацитети за обработка, кои се одредуваат со променливи фактори.

Информации за времето на чекање за одделните категории на визи можете да најдете овде.

Не. Самата регистрација за термин не претставува поднесување на барање за виза. Ако во догледно време достигнувате одредена возрасна граница после кое важат други предуслови за поднесување на барање за виза (на пр. кај децата тоа е 16 или 18 година од животот), тогаш во овој случај може да се побара признавање на поднесување барање за виза по електронска пошта (и-мејл) првично без интервју (т.н. почитување/запазување на рок).

Ве молиме во врска со ова да нè контактирате по и-мејл на visa@skop.diplo.de со молба за признавање на неформално поднесување на барање за виза поради  почитување/запазување на рокот, заедно со соодветниот референтен број на регистрацијата на терминот.

Ве молиме имајте предвид дека секој член на семејството треба да се регистрира за термин. Ова важи и за малолетните деца. Доколку неколку лица од Вашето семејство сакаат да поднесат барање за виза, Ве молиме секое лице одделно/посебно да го регистрирате за термин.

Потребно е да се закаже посебен термин за секој член од семејството, за секое лице посебно, без разлика дали мало дете или возрасен родител и лично да биде присутен на денот на поднесување на барањето за виза.

Најчесто проблемот се појавува во полето „Telefonnummer – телефонски број“. Телефонскиот број треба да се внесе без повикувачки број или „+ / 00389“. Исто така во полето „Personalnummer“ обрнете врнимание да го внесете Единствениот матичен број на граѓанинот - ЕМБГ, а не бројот од личната карта.

Системот за закажување е автоматизиран, за жал не е можно рачно да се интервенира во основните податоци кои сте ги внеле при регистрацијата. Затоа, при регистрација треба со најголемо внимание да ги внесувате податоците и до завршување на постапката за виза да ги зачувате непроменети Вашата е-пошта (мајл) и лозинката за пристап.

Првичната регистрација мора прво да се сторнира пред да можете повторно да се регистрирате со Вашите актуелни податоци во системот за термини. Доколку повеќе немате пристап до потврдата за регистрација, испратете ни ги следните податоци на visa@skop.diplo.de:

Име и презиме
Копија од пасош
Регистарски број

Амбасадата ќе ја сторнира Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта (мајл) и потоа ќе можете повторно да се регистрирате.

Дојдете на закажаниот термин со стариот и новиот пасош.

Ве молиме, сторнирајте ја Вашат погрешна регистрација преку линкот кој Ви е пратен во потврдата за успешна регистрација и регистрирајте се повторно со точни податоци.


Потребно е првично да ја сторнирате погрешната регистрација преку линкот кој Ви е пратен во потврдата за успешна регистрација. Потоа регистрирајте се повторно во точната категорија. Барањето за виза не може да се поднесе доколку Ви е доделен термин со погрешна регистрација.

За ова може да има неколку причини. Ве молиме, прво проверете ја Вашата СПАМ-папка и проверете дали мејолвите класифицирани како СПАМ не се веднаш избришани. Доколку мејлот за потврда не се наоѓа таму, веројатно погрешно сте ја запишале Вашата  е-пошта (мејл).

Во овој случај, треба да се регистрирате повторно со валидна е-пошта (мејл). Пред да можете повторно да се регистрирате за термини, потребно е да се сторнира првичната регистрација со погрешната е-пошта (мејл). Испратете ги следните податоци на visa@skop.diplo.de:

Име и презиме
Копија од пасош
Регистарски број

Амбасадата ќе ја сторнира Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта (мајл) и потоа ќе можете повторно да се регистрирате.

Испратете ги следните податоци на visa@skop.diplo.de:

Име и презиме
Копија од пасош
Регистарски број

Амбасадата ќе ја сторнира Вашата регистрација. Ќе добиете известување по е-пошта (мајл).

Веќе потврден термин не може да се сторнира Испратете мејл до одделот за виза на visa@skop.diplo.de, задолжително наведето го регистерскиот број кој го добивте при пријавувањето.

Барање за виза може да се поднесе само со термин.

Потребните документи за Вашето барање за виза се наведени во информативните листови во делот Категории на визи, во зависност од целта на Вашето патување. Користете го соодветниот информативен лист во зависност од Вашата цел на патување како список за проверка (чек листа) за целосно да ги подготвите документите за барањето за виза. Внимателно прочитајте го информативниот лист за Вашето барање за виза, комплетно соберете ги сите наведени документи ПРЕД да поднесете барање за виза и со Вас понесете го отпечатен и потпишан информативниот лист, заедно со сите документи што Ви се потребни за да поднесете барање за виза. Ве молиме имајте во предвид дека со комплетна документација значително може да се скрати обработката на барањето за виза.

Врз основа на § 26 ст. 2 од Одредбата за вработување (Регулатива за Западен Балкан) може да се додели работна виза за професионален возач, но во секој случаj важат споредбените предуслови за поднесување на барање за виза според § 24a од Одредбата за вработување.

Не дозволувајте да Ве понесат погрешни информации и да поднесете барање за виза според Регулативата за Западен Балкан, со надеж дека ќе мора да приложите помалку документи.

Поопширни информации за професионални возачи ќе најдете овде.

Секое лице, кое сака да поднесе барање за виза за Германија, мора при поднесување на барањето за виза да биде лично присутно, без разлика на возраста.

Јасно упатуваме на тоа дека СЕКОЈ државјанин на Република Северна Македонија, т.е.  ИСТО ТАКА И ДЕЦАТА, мора да поседува виза, ако сака да престојува повеќе од 90 дена во едно полугодие во Германија.

Амбасадата не може однапред да Ве информира точно колку време ќе трае процедурата, бидејќи е тоа индивидуално и зависи од повеќе фактори, како комплетноста на документите, вашите претходни престои во Германија или други Шенген-држави, како и од потребата за вклучување на служби во Германија.

Веднаш штом ќе се одлучи по вашето барање, ќе добиете известување преку електронска пошта или СМС-порака. Ваша обврска е да наведете валиден телефонски број и адреса на електронска пошта во обрасците, на кои ќе бидете достапни за целокупното времетраење на постапка.

Ве молиме за разбирање дека прашања за статусот на Вашето барање за време на обработката нема да бидат одговорени во текот на првиот месец по поднесување на барањето за виза. Исто така важи: одговор ќе добие само подносителот лично, неговиот законски застапник или од него писмено овластено лице. Вашето прашање за статусот на барањето не може да биде одговорено без да се наведе покрај името и презимето и бројот на предметот (код). Истиот се наоѓа на потврдата, која ја добивате при поднесување на барањето на шалтер. Бројот на предметот започнува со DEU/522700/xxxxxxxx/0002….

Подетални информации околу постапката на поднесување барање за виза можете да најдете овде.

Барањата за виза може да се пополнат и онлајн, а потоа да се испечатат со 2Д-баркод.

На следните линкови може да се пополнат апликациите:
Национална виза VIDEX-langfristiger Aufenthalt (Д-виза за долгорочен престој, повеќе од 90 дена)

Таксата за апликацијата се плаќа по правило изнесува 75,- евра и се плаќа во готово (исклучиво во ЕВРА) на шалтер при поднесување барање за виза.

Визата која ја добивте од амбасадата треба навреме да ја продолжите во надлежната служба за странци (Ausländerbehörde) во градот каде што ќе престојувате.

Формуларот од Сојузната агенција за Вработување - Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit, потребно е да се приложи во оригинал и две копии. Доколку до закажаното интервју не сте го добиле оригиналот, можете барањето да го поднесете со две копии.

За промена на виза, потребно е да се информирате во службата за странци во градот каде што престојувате. Доколку не е можно продолжување на визата, неопходно е да закажете термин и да поднесете ново барање за виза со потребните документи.

Гарантно писмо (Verpflichtungserklärung) е посебен формулар, кој треба да Ви го обезбеди лицето кое ќе Ве финансира, а кое живее и работи во Германија, во службата за странци (Ausländerbehörde).

Гарантното писмо треба да се приложи во амбасадата во оригинал и две копии. Нотарски заверена изјава од лицето кое треба да ве финансира не се прифаќа.

Таканаречени „блокирани сметки“ отвораат студенти или учесници на јазични курсеви (подолги од три месеци), кои одат на студии во Германија.

Со отворање на „блокирана сметка“ барателот на виза докажува дека е во можност сам да се финансира. Слободни сте во изборот на банката односно понудувачот на таа услуга. Понудувачите, кои ширум светот ја нудат таа услуга, може да се најдат на веб-страницата на Mинистерството за надворешни работи на Германија на овој линк  или во соодветните информативни листови.

Внимание! Надлежните служби за странци во Германија вообичаено инсистираат на „блокирана сметка“ и го одобруваат барањето за виза откако сметката ќе биде отворена.

При поднесување на барањето за виза во амбасадата не мора да се приложит доказ за здравствено осигурување. Но, доказот за здравствено осигурување че мора да го приложите во службата за странци, при поднесување на барање за добиванје на дозвола за престој. Здравственото осигурување можете да го склучите со германско друштво/претпријатие за осигурување или доказ од Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија за користење на здравствени услуги во странство. Подетални информации околу постапката за издавање на двојазичен образец ќе најдете овде.

Како македонски студент имате право на 90 дена работа во годината во Германија без виза, според член 14 став 2 од правилникот за вработување во Германија (§ 14 (2) Beschäftigungsverordnung).

Единствено Ви е потребна дозвола од Агенцијата за меѓународно и стручно посредување од Германија (Zentrale Auslands- und Fachvermittlung ZAV - www.arbeitsagentur.de).

За вработување над 90 дена, покрај дозволата за работа од ZAV, потребна Ви е и соодветна виза. Подетални информации ќе најдете во соодветните информативни листови.

Македонски државјани имаат право во Шенген зоната без виза да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. При секој влез во Шенген зоната на самата граница се пресметува колку дена во изминатите 180, сте птрестојувале во некоја од земјите на Шенген зоната. На тој престој се додаваат планираните нови денови на престој. Вкупниот број на престој не смее да надмине 90 дена.

Амбасадата не презема никакви индивидуални пресметки!

Корисни линкови:

Министерство за надворешни работи на Германија

Министерство за внатрешни работи на Германија

Европска Комисија


Државјани на други земји може да поднесат барање за виза во амбасадата во Скопје, само доколку поседуваат регулиран долготраен престој во Република Северна Македонија.

За жал, амбасадата не може да даде никакви информации за забраните за влез во Шенген зоната. Детални информации ќе најдете овде.

По правило доколку сте добивале социјална помош како азилант во Германија, можете да поднесете барање за виза во амбасадата по истекот на две години по вашето враќање. Доколку не сте добивале никаква помош, можете во секое време да поднесете барање за виза.

Меѓутоа, во рамките на постапката за виза се проверуваат и други фактори за добивање на виза.

Јазичниот сертификат при поднесување на барање за виза за приклучување кон семејство има важност од една година. При поднесување на барање за виза се проверува дали нивото на познавање на германскиот јазик на барателот одговара со постигнатото ниво на познавање на германскиот јазик од приложениот јазичен сертификат.

Детални информации за доказ за познавање на германски јазик во постапката за виза ќе најдете овде.

Јазичниот сертификат треба да се приложи во амбасадата во оригинал и две копии.

Ако Вашето барање е одбиено и не се согласувате со тоа, можете да поднесете приговор против одбивањето (така да се рече, да противречите на одбивањето). Детални информации можете да најдете овде.

Почеток на страницата