Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

НОВОСТ: Германија го отвора пазарот на трудот за стручна работна сила од држави, кои не се членки на ЕУ

02.10.2019 - Текст
  • На почетокот на 2020 година ќе влезат во сила нови правила за доселување на стручни лица. Новиот закон ги проширува можностите за квалифицирани работници од земји, кои не се членки на ЕУ, со цел тие да дојдат во Германија за да работат.
  • Пред да се поднесе барање за виза, заинтересираните мора да имаат официјално признавање на нивната професионална квалификација. Тоа се издава исклучиво од страна на официјални институции. Информации за соодветните постапки може да најдете на www.anerkennung-in-deutschland.de. Им се препорачува на заинтересираните стручни лица да ја отпочнат постапката колку што е можно порано. Таква можност постои уште пред да влезат во сила новите правила во март 2020 година.
  • Откако ќе го добиете официјалното решение за признавање на квалификацијата, стручните лица може да поднесат барање за виза за да дојдат во Германија и да прифатат понуда за работно место, за кое ја имаат соодветната квалификација.
  • Во случај ако германските институции ја признале квалификацијата само делумно, заинтересираните може да добијат виза која ќе се издаде со намена за усовршување и квалифицирање во Германија. Под одредени услови, тие може и да работат за време на периодот на усовршување.
  • Лица кои располагаат со доволно добри познавања на германскиот јазик и финансиски средства за подмирување на животните трошоци, може да поднесат барање за наменска виза за барање на работа. Таа виза важи шест месеци. Ученици со завршено средно образование, не постари од 25 години, може да дојдат во Германија за период до шест месеци, за да аплицираат за место за стручно образование, ако врз основа на нивната диплома од училиштето имаат право на високо образование, поседуваат добри познавања на германскиот јазик (ниво Б2) и располагаат со доволно финансиски средства за покривање на животните трошоци.
  • За стручни лица постари од 45 години, ќе важат малку поинакви правила. Ако тие доаѓаат во Германија со цел да работат, мора да достават договор за работа со одредена минимална плата или доказ за соодветни пензиски примања.

Поопширни информации:
www.make-it-in-germany.com  ги објавува најважните информации за стручни лица кои сакаат да дојдат во Германија.

Информации за признавањето на стручната квалификација:
www.anerkennung-in-deutschland.de

Информации за признавањето на дипломи од високото образование:
www.anabin.kmk.org

Информации за институции каде може да се стекнат познавања на германскиот јазик:
https://www.goethe.de/ins/mk/mk/index.html?wt_sc=skopje

Почеток на страницата