Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Забрзана постапка за стручна работна сила

07.07.2020 - Текст

Информации околу постапката
Забрзаната постапка за стручна работна сила ја скратува постапката за признавање на еквивалентноста на стручното образование и постапката за издавање на виза. Постапката е наменета за следните видови на категории:

  • Стручна работна сила со стручно образование средна стручна спрема (§§ 16d und 18a AufenthG)
  • Стручна работна сила со академско образование (18b AufenthG)
  • Високо квалификувани лица
  • Научни истражувачи/научници
  • Стручњаци за раководна позиција
  • Стручно образование и стручно усовршување (§16a AufenthG)
  • Стручна работна сила во областа на информациската технологија без високо образование

Следните информации односно чекори се важни:

  1. Првиот чекор е да го овластите идниот работодавач / образовна институција да започне забрзана постапка за стручна работна сила во соодветната Служба за странци во Германија. Примерок на полномошно можете да најдете тука.
  2. Службата за странци го советува вашиот иден работодавач / образовна институција, го поддржува во спроведувањето на постапката за признавање на квалификацијата стекната во странство  и ја прибавува согласноста од Сојузната агенција за вработување. Службите надлежни за признавање на стручното образование и Сојузната агенција за вработување  се должни барањето да го решат во одреден рок.
  3. Кога сите услови ќе бидат исполнети, Службата за странци издава документ т.н. претходна согласност (Vorabzustimmung), која вашиот работодавач треба да ви ја препрати. Во овој документ, Службата за странци наведува кои документи биле приложени во копија и истите ќе треба вие да ги доставите во оригинал во Германската амбасада при поднесување на барање за виза.
  4. Откако ќе го добиете документот Vorabzustimmung, регистрирајте се за термин во рубриката “забрзана постапка за стручна работна сила” („Beschleunigtes Fachkräfteverfahren“).
  5. Членовите на вашето семејство треба паралелно да се регистрираат за термин за спојување кон семејството со избирање на опцијата „§§18a, b, 16d AufenthG - Mein Partner/Elternteil stellt erst noch einen Antrag als Fachkraft (FEG)“ - „член 18a, b, 16d од законот за престој – мојот партнер/другиот родител ќе поднесе барање за стручна работна сила (FEG)“. Ве молиме внесете ги податоците за регистрацијата на членовите  на семејството во долунаведената табела и приложете ја при поднесување на барањето за виза. Членовите на вашето семејство ќе добијат термин за поднесување на барањето за виза откако Вашето барање ќе биде одобрено. Ве молиме, за членовите на вашето семејство да ги подготвите потребните документи во согласност со нашите информативни листови за приклучување кон семејство.
Familienangehöriger
(членови на семејството)
Ehepartner/rin - сопруг/а
Tochter/Sohn - ќерка/син


Name
Презиме
Vorname
Име
Passnummer
Број на пасош
Referenznummer
Регистарски број

6. Одлуката за барањето за издавање на виза, кое е поднесено со сите неопходни документи, по правило се решава во Германската амбасада во рок од 3 недели.

7. Таксата за забрзаната постапка за стручна работна сила кај Службата за странци изнесува 411 евра. Дополнителни трошоци се: таксата за апликацијата за виза од 75 евра  како и трошоците за постапката за признавање на стручното образование.

Информации за потребни документи
Барањето се поднесува само лично. Таксата за апликацијата за виза изнесува 75.- евра. Сите документи треба да се достават во оригинал и 2 копии.

При поднесување на барање секогаш треба да се поднесат следниве документи:

  • 2 формулари, читливо и целосно пополнети на германски јазик и своерачно потпишани (со латинични букви).
  • 2 биометриски фотографии од понов датум.
  • пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии.
  • Претходна согласност (Vorabzustimmung) од надлежната Служба за странци според член §81a од Законот за престој (AufenthG) , во оригинал и 2 копии.
  • Доказ за завршено образование (диплома, свидетелства, уверение и сл.), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
  • Доказ за познавање на германски јазик. Доколку во рамките на забрзаната постапка за стручна работна сила сте приложиле сертификат за познавање на германски јазик, истиот ќе мора да се приложи во Амбасадата при поднесување на барање за виза, во оригинал и 2 копии.

Ве молиме обрнете внимание: Покрај наведените документи во одредени случаи може да се побараат и дополнителни документи.

Почеток на страницата