Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Работна виза со признато академско образование (§18 b Abs. 1 AufenthG)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
- Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија. - Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана, во 2 примерока.
- Доказ за завршено високо образование (диплома за завршен факултет и уверение со преглед на оценките), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
- Доказ за признавање на високо образование, и тоа:
1. Доказ од датотеката АНАБИН дека Вашето високо образование е признато или еквивалентно со високото образование во Германија, во 2 примерока.
Проверката во АНАБИН секогаш треба да се спроведе како во однос на факултетот така и во однос на универзитетската диплома. (Vergleichbarkeit: Hochschule H + und Abschluss: entspricht)
ИЛИ
2. Процена на уверение за завршено високо образование (Zeugnisbewertung) од Централната служба за странско образование (Zentralstelle für ausländisches Bildungswesen – ZAB), во оригинал и 2 копии.
Доколку во датотеката АНАБИН Вашето високо образование или факултетот не се признати или еквивалентни со истите во Германија, еквивалентноста на Вашето високо образование мора да се потврди.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде. Дополнително за професии пропишани со закон, за кои е неопходно одобрение за обавување на дејност (на пр. лекари, инженери и сл.):
- Дозвола за вршење на дејност (Berufsausübungserlaubnis) од надлежната служба за признавање, во оригинал и 2 копии.
Список на професии пропишани со закон (reglementierte Berufe) ќе најдете овде.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде.Дополнително за професии пропишани со закон (лекар, ветеринар, стоматолог, фармацевт, и сл.):
- Доказ за стручно познавање на германски јазик на Ц1 ниво (Fachsprachkenntnisse), во оригинал и 2 копии.
Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.Дополнително за професии од областа на здравството:
- Доказ за познавање на германски јазик на Б2 ниво, во оригинал и 2 копии.- За лица над 45 години, дополнително:
Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на:
минимален месечен бруто личен приход од 4.015,00 евра (2023)
ИЛИ
Докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик. . (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл. Пример: Уверение за утврдени податоци за стаж и плата, односно Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија - ПИОСМ).
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________