Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Квалификувана работа (Стручна работна сила со признато средно стручно образование) (§18 a АufenthG)
Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.
Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.
За време на визната постапка Амбасадата мора да ја вклучи надлежната агенција за вработување и во одреден случај и надлежната служба за странци во Германија. Постапката по правило трае 3 до 4 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер, во одреден случај и подолго. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.
Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 2 копии.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!
При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:
- 2 обрасци за барање на национална виза, целосно пополнети со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишани. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
- 2 формулари - поука, своерачно потпишани.
- Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
- 3 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 2 фотографии залепете на предвиденото место на обрасците за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
- Пасош со доволна важност, во оригинал и 2 копии. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
- Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
- Изјава за работен однос - Сојузна агенција за вработување (Erklärung zum Beschäftigungsverhältnis - Bundesagentur für Arbeit), (не постара од 6 месеци): комплетно пополнета (секоја точка) и потпишана од работодавачот, во оригинал и 2 копии.
Се препорачува работодавачот пред потпишување на договорот да се информира за висината на актуелниот личен приход за конкретното работното место во Сојузната агенција за вработување во Германија. - Доказ за признавање на еквивалентноста на стручното образование во Германија:
Уверение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на вашето стручно образование, во оригинал и 2 копии.
Признато стручно образование е предуслов за обавување/извршување на квалификувана работа/дејност во Германија. Еквивалентноста на Вашето стручно образование мора да се утврди во постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија – Anerkennungsverfahren пред да поднесете барање за виза. Надлежната служба утврдува дали Вашето стручно образование е еквивалентно со соодветното стручно образование во Германија и издава дозвола за обавување на професијата.
Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде. - Доказ за завршено образование (диплома за завршено стручно образование), во оригинал и превод на германски јазик со по 2 копии.
- За лица над 45 години, дополнително:
Доказ за обезбедување на доволни средства за живот во пензија. Доказот може да сe приложи во вид на: минимален месечен бруто личен приход од 4.015,00 евра (2023)
ИЛИ
докази за соодветни средства за покривање на животните трошоци во пензија, во оригинал и 2 копии, во одреден случај превод на германски јазик. . (право на примања од државниот/приватниот пензиски фонд, животно осигурување и сл. Пример: Уверение за утврдени податоци за стаж и плата, односно Преглед на регистрирани податоци во матичната евиденција од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија - ПИОСМ). - Подетални информации за стручен медицински персонал (медицинска сестра, болничар, негувател) со признато стручно образование ќе најдете овде.
- Подетални информации за забрзана постапка за стручна работна сила ќе најдете овде.
ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG
Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.
Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.
Скопје / Skopje ___________________ Потпис / Unterschrift______________________