Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Барање работно место во Германија со признато средно стручно образование (§20 AufenthG)

Текст

Внимателно прочитајте го овој информативен лист и приложете го отпечатен и потпишан кога ќе поднесувате барање за виза. Ве молиме регистрирајте се за термин само доколку ги исполнувате сите услови и сте во можност да ги доставите сите потребни документи. Виза не може да се додели доколку условите не се исполнети или не се поднесени потребните документи.

Добрата подготовка на барањето за виза може позитивно да влијае и да ја скрати постапката. При поднесување на барањето или за време на визната постапка може во поединечни случаи да бидат побарани дополнителни документи кои не се наведени тука. Нецелосно пополнети формулари или некомплетни документи може да доведат до одбивање на барањето.

За време на визната постапка Амбасадата мора да провери дали за лицата кои поднесуваат барање за виза постојат одредени податоци за прекршоци во Германија. Постапката по правило трае 2 недели по поднесување на барањето за виза на шалтер. Доколку барателот за виза имал претходни престои во Германија, постапката може да трае и подолго, затоа што треба да се вклучат и надлежните служби во Германија. Амбасадата веднаш ќе Ве извести штом Вашето барање ќе биде конечно обработено. Ве молиме, воздржете се од прашања за статусот на Вашето барање во текот на вообичаеното времетраење на постапката. За визниот оддел тоа значи дополнително оптеретување и со тоа би се пролонгирала обработката на Вашето барање.

Ве молиме, подредете ги документите по дадениот редослед.
Следните документи мора да се достават во оригинал и 1 копиja.
Приложете ги документите споени само со спајалици (не захефтувајте)!

При поднесување на барањето потребно е да се достават следниве документи:

  • 1 образец за барање на национална виза, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан. Барањето можете да го пополните онлајн или да го преземете овде
  • 1 формулар - поукасвоерачно потпишан.
  • Дополнителни информации за достапност, целосно пополнет со латинични букви (на германски или англиски јазик) по можност на компјутер и своерачно потпишан.
  • 2 биометриски фотографии, не постари од 6 месеци, на бела позадина, со големина 45 х 35 милиметри. 1 фотографија залепете на предвиденото место на образецот за барање на национална виза, 1 фотографија приложете посебно.
  • Пасош со доволна важност, во оригинал и 1 копија. Најмалку две страници во пасошот треба да бидат празни. Имајте во предвид, дека пасошот треба да важи најмалку уште три месеци по истекот на визата.
  • Такса - таксата за апликацијата од 75,00 евра се плаќа во готово.
  • Биографија (CV) на германски јазик, своерачно потпишана.
  • Мотивационо писмо на германски јазик, со податоци за планираниот престој за барање работно место (бранша, област, регион, времетраење на престојот/сместување и сл.), своерачно потпишано. Логично објаснување зошто се поднесува барање за национална виза за барање на работно место во Германија и зошто работното место не може да се бара во рамките на безвизниот режим или преку интернет.
  • Доказ за претходно барање работа (апликации за работа и одговори од потенцијални работодавачи).
  • Доказ за финансирање на престојот, месечниот нето износ за покривање на трошоците за престој треба да изнесува 947,- евра, и тоа во вид на:
    Гарантно писмо од Германија – Verpflichtungserklärung (издадено од службата за странци) за целокупниот престој од страна на лице кое живее и работи во Германија, во оригинал и 1 копија, или
    Потврда од банка во Германија за отворена блокирана сметка (Sperrkonto) на Ваше име со месечен износ од 947,- евра или најмалку 5.682,- евра за целокупниот престој, во оригинал и 1 копија, (на пр. Дојче Банк (Deutsche Bank), фирма Финтиба (Fintiba), фирма Експатрио (X-Patrio), фирма Коракле (Coracle), и др.).
  • Доказ за завршено образование (диплома за завршено стручно образование), во оригинал и превод на германски јазик со по 1 копија.
  • Доказ за признавање на еквивалентноста на стручното образование во Германија:
    Уерение од надлежна германска служба за признавање, со кое се потврдува еквивалентноста на вашето стручно образование, во оригинал и 1 копија.
    Признато стручно образование е предуслов за обавување/извршување на квалификувана работа/дејност во Германија. Еквивалентноста на Вашето стручно образование мора да се утврди во постапка за проверка на еквивалентност на професионални квалификации/стручно образование во Германија – Anerkennungsverfahren пред да поднесете барање за виза. Надлежната служба  утврдува дали Вашето стручно образование е еквивалентно со соодветното стручно образование во Германија и издава дозвола за обавување на професијата.
    Информации околу постапката, надлежни служби и потребни документи ќе најдете овде.
  • Доказ за познавање на германски јазик на Б1 ниво, во оригинал и 1 копија.
    Негувaтели и болничари мора да докажат јазични познавања на Б2 ниво, во оригинал и 1 копија.
    Признати јазични сертификати се јазичните сертификати на Гете институтот (Goethe Institut), ÖSD - австриската јазична диплома (ÖSD - Österreichisches Sprachdiplom) или јазичните сертификати на јазични училишта, кои поседуваат лиценца од Телк доо (Telc GmbH) или ECL. Подетални информации ќе најдете овде.

Престој за барање работно место во Германија може да се додели максимум за 6 месеци. Откако барањето ќе се одлучи позитивно, пред да се издаде визата потребно е да приложите и доказ за патничко здравствено осигурување, доколку доказот претходно не сте го приложиле, во оригинал и 1 копија.

ПОУКА – ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊЕ ЗА ВИЗА / BELEHRUNG - ANTRAGSTELLUNG

Посочено ми е дека моето барање за виза може да се препрати до надлежната служба во Германија само доколку се доставени комплетно сите документи наведени во информативниот лист. Некомплетни барања за виза ќе бидат одбиени и таксата за апликацијата нема да се надомести.

Ich wurde darauf hingewiesen, dass mein Antrag nur vollständig unter Vorlage aller im Merkblatt aufgeführten Dokumente weitergeleitet werden kann. Unvollständige Anträge werden abgelehnt, eine Erstattung der Visumgebühr ist ausgeschlossen.

Скопје / Skopje ___________________                       Потпис / Unterschrift______________________

Почеток на страницата