Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Термини за поднесување барање за национална виза

Текст

Овде ќе ги најдете сите информации во врска со резервирање на термин.

Виза за долгорочен престој (национална виза)

Тука се наоѓа нашиот портал за термини;  Тој е поделен на неколку категории:

  • Приклучување кон семејство
  • Работа согласно Правилото за западен Балкан  (повеќе информации тука)
  • Квалификувана работа и други видови работа (на пр. практиканти, ученици-чираци кај работодавач, студенти, стручен кадар со завршено стручно образование или факултет (по потреба со решение за дефицитарни струки), самовработени, научници, повторен влез)

Барателите на виза за работа како професионален возач, деташиран работник или работник на речен брод или за виза за работа согласно Правилото за западен Балкан, мора да закажат термин кај ВизаМетрик. Кликнете тука за да одите до ВизаМетрик.

Ве молиме, обрнете внимание на специфичната постапка за давање термини за работа согласно Правилото за западен Балкан.

Барателите на виза со забрзана постапка за стручен кадар согласно чл. 81а од германскиот Закон за престој, добиваат термин директно преку Амбасадата. Тие не треба да се регистрираат во порталот за термини.

Откако сте ги внеле податоците, ќе добиете порака по е-пошта со потврда за успешно внесени податоци. Ве молиме, редовно проверувајте ја папката за СПАМ во електронското сандаче.

Ако барателот за виза се појави лично без термин или во период надвор од потврдениот термин, нема да добие пристап до визното одделение.

ВАЖНО: Ве молиме, на закажаниот термин задолжително донесете ја со себе испечатената потврда за терминот и пасошот, што сте го навеле во порталот за регистрација. Ако бројот на пасошот наведен во резервацијата на термин не соодветствува со бројот на пасошот што го носите со себе при личното поднесување на барањето, тогаш нема да Ви биде дозволен пристап до визното одделение и ќе мора да си резервирате нов термин. Но, ако во меѓувреме т.е. од резервацијата до фактичкиот термин, сте извадиле нов пасош, тогаш Ве молиме, донесете ги со себе двата пасоша.

Ако сте спречени да се појавите на терминот, тогаш навреме сторнирајте го преку линкот кај доделениот термин, за да може тој термин да му се понуди на некој друг барател. Не може да го сторнирате терминот на истиот ден, ниту пак отпосле.

Информации за постапката за закажување на термин

Поднесување барање во амбасадата

Тука може да се регистрирате за термин во нашиот портал за термини.

Приклучување кон семејство:
За приклучување кон семејство може директно да си изберете термин. Нема листа на чекање за термин. Откако ќе го изберете терминот и успешно ќе ги внесете податоците, ќе добиете електронска порака со потврда, во која уште еднаш ќе бидат наведени сите детали за Вашиот термин. Оваа електронска порака ќе Ви се испрати на адресата за е-пошта (email адреса) којашто се ја навеле  при внесувањето податоци. Отпосле нема да може да се менува веќе внесената адреса за е-пошта.

Ве молиме, побарајте засебен термин за секој поединечен член на семејството.  Може да се резервира термин шест недели однапред.

Тука ќе го најдете информативниот лист, каде се наведени сите документи што Ви се потребни за поднесување на барањето.

Ве молиме, имајте предвид дека регистрацијата во системот за термин не значи дека веќе сте поднеле барање за виза. За навремено поднесување на барање за виза, обратете се директно до визното одделение по е-пошта.

Квалификуван стручен кадар и други видови работа:
За да поднесете барање за виза за квалификувана стручна работа, можете директно да си го изберете терминот што Вам Ви одговара. Нема листа на чекање за термин.

Важно: Ве молиме, проверете ги убаво Вашите лични податоци пред да направите резервација на термин. На адресата за е-пошта (email адреса) што сте ја употребиле, ќе добиете порака со потврда на терминот. Отпосле, по направената резервација на терминот, нема да може да се менуваат податоците.

Во квалификувана стручна работа спаѓа следново:
•    Пракса
•    Бебиситер/ка (Au-Pair)
•    Стручно образование и понатамошно доустручување
•    Студирање
•    Работа за време на постапка за признавање квалификација
•    Работа со завршено средно стручно образование
•    Работа со завршен факултет
•    Сина карта
•    Самовработени и фриленсери
•    Повторен влез

Тука ќе  ги најдете информативните листови за секоја поединечна намена со список на задолжителни документи за поднесување барање.

Ве молиме, осигурајте се дека Вашето барање за термин е точно и целосно. Ако наведете погрешни податоци во барањето за термин или ако сте се регистрирале во погрешна категорија, може да бидете вратени од шалтер и ќе мора да поднесете барање за нов термин.

Прием на барањето преку ВизаМетрик
За следниве конкретни категории, приемот на барањата за виза се врши преку надворешните ВизаМетрик:
•    Неквалификувана работа согласно Правилото за западен Балкан
•    Професионални возачи
•    Деташирани работници
•    Работа на речен брод

Ако треба да се поднесе барање за виза преку ВизаМетрик, тогаш тоа ќе  се одвива во нивните модерни канцеларии. Тука имате локација. Покрај таксата за виза од 75,00 евра, дополнително се наплаќа и додаток за услугата на ВизаМетрик од 37,50 евра. Овој додаток се плаќа во готово во денари директно на лице место во ВизаМетрик.

Професионални возачи, деташирани работници и работници на речни бродови:
ВизаМетрик ги прима барањата за виза. Тука, на веб-страницата на ВизаМетрик може да се резервира термин. Тука може директно да си го изберете терминот, што Вам Ви одговара.

Ве молиме, обратете се директно до ВизаМетрик ако имате потешкотии при процесот на резервација.

Прием на барањето преку ВизаМетрик:
За следниве конкретни категории, приемот на барањата за виза се врши преку надворешните ВизаМетрик:
•    Неквалификувана работа согласно Правилото за западен Балкан
•    Професионални возачи
•    Деташирани работници
•    Работа на речен брод

Ако треба да се поднесе барање за виза преку ВизаМетрик, тогаш тоа ќе  се одвива во нивните модерни канцеларии. Тука имате локација. Покрај таксата за виза од 75,00 евра, дополнително се наплаќа и додаток за услугата на ВизаМетрик од 37,50 евра. Овој додаток се плаќа во готово во денари директно на лице место во ВизаМетрик.

Професионални возачи, деташирани работници и работници на речни бродови:
ВизаМетрик ги прима барањата за виза. Тука, на веб-страницата на ВизаМетрик може да се резервира термин. Тука може директно да си го изберете терминот, што Вам Ви одговара.
Ве молиме, обратете се директно до ВизаМетрик ако имате потешкотии при процесот на резервација.

Тука ќе ги најдете информативните листови за секој поединечен вид на работа со список на сите потребни документи.

Неквалификувана работа согласно Правилото за западен Балкан:
Овие термини се доделуваат преку систем на лотарија. Повеќе информации за ова имате тука.

Иако ВизаМетрик ги прима барањата за виза, тие немаат никакво влијание врз одлуката во врска со Вашето барање за виза.
Исклучиво Амбасадата одлучува по овие прашања.

Тука имате преглед на потребните документи. 

Резервација на термин и регистрација

Тука може да се регистрирате за термин во нашиот портал за термини.

Почеток на страницата