Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Регулатива за Западен Балкан (од 01.01.2021)

Текст

На 1 јануари 2021 година во Германија влезе во сила актуелната „Регулатива за Западен Балкан“ (член 26 став 2 од Правилникот за вработување - § 26 Abs. 2 Beschäftigungsverordnung - BeschV). Со тоа, Сојузната влада до 2023 година овозможи за државјани на Република Северна Македонија (како и за државјани на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап до германскиот пазар на трудот. Ова и понатаму важи за секој вид на вработување – независно од признатата квалификација.

Услов за издавање виза останува согласноста од Сојузната агенција за вработување. Новина во споредба со претходната регулатива: Агенцијата за вработување може да додели до 25.000 согласности за една календарска година вкупно за сите шест држави. Ова приближно одговара на бројката на издадени визи од оваа категорија во 2019 година. 

Регулативата за Западен Балкан важи до 31.12.2023 година. Првите барања за виза можат да се поднесат само во надлежната германска Амбасада во една од споменатите шест држави. Тоа значи дека само баратели со вообичаен престој во една од овие држави имаат право да поднесат барање за виза. Сојузната агенција за вработување може, како и досега, да даде согласност само ако 24 месеци пред поднесување на барањето за виза, барателите за виза не добивале паричен надоместок според Законот за парична помош за баратели на азил.

Информации за регистрација и доделување на термини според Регулативата за Западен Балкан ќе најдете овде.

Информации за постапката за поднесување на барање за виза и за потребните документите ќе најдете на веб-страната на Амбасадата.

Доколку располагате со средно стручно или академско образование, може да поднесете барање за признавање на Вашата квалификација во Германија. Подетални информации за постапката за поднесување на барање и за потребните документи ќе најдете тука.

Почеток на страницата