Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Информации за ковид-19: Ограничени услуги на одделот за визи  

28.10.2021 - Текст

Поради актуелната ситуација со пандемијата, работата на визниот оддел на германската амбасада во Скопје е ограничена до понатамошно известување. Побарувачката за национални визи за подолг престој во Германија сé уште многу висока. Амбасадата се обидува да ги прими сите барања за виза што е можно побрзо. Сепак, кај барањата за националниа виза за жал постои подолго време на чекање помеѓу регистрација и потврдување на термин.

Упатство за задолжителните правила за здравствената заштита што треба да се почитуваат при Вашата посета на Амбасадата може да најдете овде.

Виза
Сакате да поднесете барање за виза? Пристап до одделот за визи за поднесување на барање за виза ќе Ви се дозволи САМО со валидно доделен термин.

Други конзуларни работи/услуги
За други конзуларни работи, можете да дојдете во правно-конзуларниот оддел од понеделник до четврток помеѓу 14:00 и 15:00 часот без претходно закажан термин.

Почеток на страницата