Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за комуналното претпријатие во Облешево

Галерија на фотографии

На 21.03.2016 год. госпоѓа д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, господин Костадин Личков, градоначалник на општина Чешиново-Облешево и господин Стојанче Анасатасов, директор на јавното комунално претпријатие, потпишаа договор за финансирање на уред за чистење на улици и патишта во висина од 6.988,- евра.

Комуналното општинско претпријатие е одговорно за повеќе комунални дејности на целата територија на општина Чешиново-Облешево, меѓу другото и за одржување на улиците и патиштата. Општината се наоѓа на регионалниот пат, кој истовремено секојдневно го користат и земјоделци со својата земјоделска механизација. Уредот за чистење ќе се користи како приклучок на постоечки трактор и преку целата година, освен во услови на снег и мраз, ќе овозможува чистење на улиците во сите места на општината.

На 17.10.2016 год. канцеларката на Германската Амбасада Сузане Хердерих и соработничката за економија, Марина Серафимовска, официјално го примопредадоа завршениот проект во јавното комунално претпријатие во Чешиново-Облешево. Градоначалникот Личков и директорот Анастасов се заблагодарија за донацијата која има големо значење во подобрување во безбедноста на патот А3, а со тоа и за целата општина.

Оваа донација претставува успешен мал проект на Германската Амбасада.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за комуналното претпријатие во Облешево

Сродни содржини

Почеток на страницата