Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Поддршка за Организацијата на жени на град Скопје

Галерија на фотографии

На 13.06.2017 г. д-р Кристине Д. Алтхаузер, амбасадор на Сојузна Република Германија, госпоѓа Томка Дилевска, претседателка на Организацијата на жени на град Скопје, и госпоѓа Снежана Смилевска, координатор во истата организација, потпишаа договор за мала донација за нивниот шелтер центар.

Организацијата на жени на град Скопје уште од 1991 година се занимава со поттикнување и развој на еднаквоста на половите, борба против семејно насилство, економско и политичко јакнење на жените, како и борба за женските права.

Германската амбасада ја поддржа оваа организација во 2013 година со опремување на шелтер-центарот со кујна и мебел, со што на жените жртви на семејно насилство им се овозможи поудобен престој во центарот. Овој пат Амбасадата ја финансира набавката на кујнски апарати и апарати за домаќинство.

Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

Поддршка за Организацијата на жени на град Скопје

Сродни содржини