Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Пензија

Artikel

ИНФОРМАЦИЈА: Постои нова одредба која предвидува за прогонети лица од национал-социјалистите, кои веќе добиле еднократна помош од Фондот за репарација, да добијат вонредна исплата за корона во висина од по 1.200 евра за 2021 и за 2022 година. Барањето за вонредна исплата за корона мора да се достави писмено до Сојузното министерство за финансии во Германија. Детали за барањето и за правото на барање ќе најдете тука. За понатамошни прашања може да се обратите во секое време до Амбасадата на следниот мејл (info@skop.diplo.de). 

Општи упатства

Во областа на социјалната сигурност, меѓу Република Северна Македонија и Германија се применува Германско-македонската спогодба за социјално осигурување од 8 јули 2003 година. Германското пензиско осигурување Баварија Југ (Bayern Süd) е една од канцелариите за врски за спроведување на оваа Спогодба во полето на законското пензиско осигурување.

Поопширни информации може да се најдат на овој линк.


nach oben