Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts
Заверка на документи
Дали Ви се потребни заверени копии за употреба во Германија? Или сакате да го заверите Вашиот потпис? Тука ќе најдете повеќе информации.
Општи укажувања, термин и консултација
Ако мора да доставите документи како свидетелства, документи за идентификација или изводи од матични книги до некоја германска служба, а сакате да ги задржите оригиналите, Амбасадата може да направи заверка на копии од овие документи.
На лицата што живеат во Северна Македонија потребни им се од време на време заверкa на потпис, знаци со рака, потписи со име и презиме и заверка со правна поука. Кога станува збор за брачни договори, изјави поврзани со деца, тестаменти, барања за потврди за наследство или договори за купопродажба на имот, што се потребни во Германија, македонскиот нотар или македонските служби не можат секогаш да помогнат. Во тој случај, Амбасадата е вистинскиот партнер.
За заверка на копии во Амбасадата во Скопје не Ви е потребен термин. Истото се однесува и на заверка на потпис (на пр. поднесување на барање за издавање на уверение за неосудуваност, поднесување на барање за документ од Централниот регистер за странци или од Шенгенскиот информативен систем). Во Амбасадата може да дојдете кој било работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот. Заверката на потпис може да биде направена само ако лично се појавите, додека при заверка на копии не мора лично да присуствувате, заверката на копии може да биде направена со овластен претставник што Вие ќе го одредите.
Заверка на копии
Ве молиме при заверка на копија да ги приложите следните документи:
Оригинални документи (свидетелства, сертификати, документи, лични документи за идентификација или потврди и сл.), што треба да бидат заверени. Копии од оригиналите не треба да се приложат.
Обична копија на оригиналот не може да се направи, доколку не може да се приложи оригинал.
Такси
Таксата за заверка на копија изнесува 24,- €. Ако плаќате со кредитна картичка, Ве молиме осигурете се дека имате дозвола со неа да плаќате во странство. Сопственикот на картичката мора да биде присутен.
Доколку Ви се потребни заверки за студиски цели или за признавање на Вашето средно стручно или студии, Ве молиме приложете доказ за ова. Само за заверка на копии за студиски цели нема такси. За заверка на копии за студиска цел во Германија може да бидат заверени до три копии без такси. Повеќе копии може да бидат заверени само со плаќање на такса за заверка. Во секој случај ќе се прави заверка само на копии од документи, кои навистина мора да бидат приложени во соодветната високообразовна институција со официјална заверка.
Упатство: Доколку приложувате документи во многу голем обем, може да се случи, согласно околностите во зависност од капацитетот, да се потребни неколку дена за заверката.
Заверки на потписи
Дали треба да потпишете документ пред некој конзуларен службеник од германската Амбасада? Германското право начелно познава две различни форми на издавање на јавни документи: формата на заверка на потписи и формата на нотарска заверка. И во двата случаи следи потпишување на документ. Законодавецот и судството одредуваат, во кој случај која форма е потребна.
Заверка на потпис
Со заверката на потпис, нотарот т.е. конзуларниот службеник потврдува дека именуваното лице го потпишало документот пред него. Во повеќето случаи доволна е заверка на потпис.
Потписот мора да се депонира лично пред надлежниот конзуларен службеник или да биде признат пред него. Притоа не следи поука за правното значење на документот што се потпишува. Амбасадата во овој случај не може ниту да подготви преводи ниту ад хок да направи устен превод на приложената изјава на странски јазик.
Примери за заверки на потписи:
- Изјава за дозвола, со која лицето, коешто било застапувано при склучување на договор во Германија, го одобрува отпосле договорот.
- полномошно, кое давателот на полномошно може да го отповика.
- барања за внесување на податоци во германски трговски регистер.
- барање за издавање на документ за неосудуваност.
- изјава за одбивање на наследство.
- изјави во рамките на поднесување на барање на дупликат возачка дозвола.
- информација од централниот регистар за странци.
- пријава за склучување на брак во Германија.
Кога ќе дојдете за заверка на потпис, Ве замолуваме да ги носите следните документи:
- Пополнет непотпишан оригинал на дописот, барањето или формуларот, под кој треба да се завери потписот,
- Валиден пасош или лична карта.
Такси
Таксата за заверка на потпис изнесува често 56,- € (на пр. при пријавување на склучување на брак во Германија и слично).
Таксата за заверка на потпис за изјава за водење на презиме изнесува 80,- €.
Ако плаќате со кредитна картичка, Ве молиме осигурете се дека имате дозвола со неа да плаќате во странство. Сопственикот на картичката мора да биде присутен.
Заверка со форма на нотарска заверка
Оваа заверка претставува „построга“ форма при вршење на правни дела. И кај оваа заверка, конзуларниот службеник го потврдува идентитетот на лицето што потпишува, но тој дополнително го поучува лицето што потпишува за правното значење и последиците од неговата изјава. Заверките може да бидат спроведени само од посебно ополномоштени службеници.
Пред заверката, Амбасадата мора да ја провери содржината и да го подготви документот. Оваа подготовка е обемна, и затоа заверката може да се изврши само со претходно договорен термин.
Ако Ви е потребна заверка, секогаш обратете се претходно до Амбасадата по и-мејл и опишете ја содржината, по можност со приложување на соодветни документи. Амбасадата тогаш во поединечен случај ќе Ви соопшти, дали може да се спроведе заверката и кои податоци и документи ќе бидат потребни.
За пресметувањето на таксата меродавен е обемот на заверката, таа може да изнесува помеѓу 90,- евра и 550,- евра.
Начелно, следниве правни дела може да бидат заверени во Амбасадата во Скопје:
- Признавање на татковство
- Согласност за признавање на татковство
- Изјава за грижа
- Барање за издавање на документ за наследство
- Барање за издавање на европски документ за наследство
- Изјава под заклетва
Преводи
Амбасадата не врши никакви преводи. Амбасадата не може да ги провери преводите ниту да ја потврди правилноста на содржината (заверка на преводи).
Самите служби ги одредуваат своите барања за преводи од Северна Македонија. Амбасадата секогаш одново добива информации, дека домашните служби, како на пример, Агенциите за вработување или службите што вршат признавање во Германија, прифаќаат само преводи од признати преведувачи во Германија.
Во Ваш интерес е однапред да се распрашате, какви барања имаат надлежните служби во Германија во врска со преводите од македонски документи. Амбасадата не располага со никакви преведувачи „признати“ од нејзина страна во Северна Македонија.
Листи на преведувачи
Податоци за толкувачи и преведувачи на германските покраински правни администрации, кои согласно правото во секоја покраина, содржат листи на обврзани со заклетва и јавно именувани, т.е. ополномоштени толкувачи и преведувачи ќе најдете овде.
На веб-страната на Министерството за правда на Северна Македонија ќе најдете податоци со лиценцирани судски преведувачи и толкувачи во Северна Македонија.
Сите податоци се базираат на сознанија и проценки на Амбасадата во моментот на создавање на текстот. За нивната целосност и правилност не може да се гарантира, особено ако во меѓувреме настанат промени.