Willkommen auf den Seiten des Auswärtigen Amts

Grenzübertrittsbescheinigung и забрана за влез

04.10.2021 - Artikel

Информација од Централниот регистар за странци (AZR) или од Шенгенскиот информативен систем (SIS) и потврда за преминување на границата – Grenzübertrittsbescheinigung

Кои податоци за мене се сочувани во AZR или во SIS? Имам ли забрана за влез во Германија? На овие прашања Амбасадата не може директно да Ви одговори. Дури и прашањето за рокот на траење на евентуалната забрана за влез мора директно да се достави до институцијата што ја изрекла забраната.  

Службата за странци во Германија побарала од Вас да ја напуштите сојузната област. За документирање на излезот од земјата издадена Ви е потврда за преминување на границата - Grenzübertrittsbescheinigung од надлежната служба за странци.


Информација за лични податоци во Централниот регистaр за странци

Барањето за давање информации за лични податоци од Централниот регистaр за странци мора да се поднесе писмено на германски јазик до Сојузната управна служба Bundesverwaltungsamt (BVA) во Келн. За да се избегне злоупотреба на личните податоци од страна на неовластени лица, барањето за давање на лични податоци може да биде одговорено дури кога ќе се провери идентитетот на засегнатото лице. Неопходната потврда на идентитетот се врши во странство со заверка на потписот од страната на надлежното германско претставништво.

Заверка на потпис од страна на Амбасадата

За заверка на потпис во Амбасадата Скопје не е потребно да имате закажано термин. Можете да дојдете во кој било работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот во Амбасадата. Заверката на потписот може да се направи само ако се појавите лично. Следните документи треба да се приложат:

Ве молиме барањето да го доставите исклучиво до:

Информации од Шенгенскиот информативен систем

Барањето за давање на информации од Шенгенскиот информативен систем мора да се поднесе писмено до Сојузната криминалистичка служба "Bundeskriminalamt" (BKA) во Визбаден. Бидејќи информациите смее да се даваат исклучиво на овластени лица, БКА мора да го провери идентитетот на подносителот на барањето, како и да води сметка за тоа единствено подносителот на барањето да ја добие информацијата. Останатите информации за потребните документи, т.е. за застапување од страна на адвокат можете да ги најдете на интернет страната на BKA.

https://www.bka.de/DE/KontaktAufnehmen/AnfragenAuskunftserteilung/AuskunftserteilungSIS/auskunftserteilungSIS.html

Барањето начелно треба да се достави на следната адреса:

Потврда за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung

Потврдата за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung ќе Ви биде издадена од надлежната Служба за странци, кога таа ќе побара од Вас да ја напуштите сојузната област за одреден рок. Оваа потврда служи како доказ, дека навистина сте ја напуштиле сојузната област. Кога директно излегувате од Германија и истовремено од шенген-зоната по воздушен пат, надлежната погранична служба ја зема потврдата за премин на границата и ја обработува. Ако излезот е преку друга шенген-држава, тогаш потврдата за премин на границата треба лично да се предаде во надлежното германско претставништво во земјата од која потекнувате.  

Амбасадата може на образецот на Службата за странци да потврди, дека лично сте дошле во Амбасадата во Скопје. Оваа потврда начелно не се наплаќа. Потврдата се испраќа директно на Службите за странци и не им се издава на подносителите на барањата.

За предавање на потврдата за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung во Амбасадата во Скопје не е потребно да се закаже термин. Можете да дојдете секој работен ден од понеделник до четврток од 14:00 до 15:00 часот во Амбасадата. Потврдата за преминување на границата можете да ја доставите само лично во Амбасадата во Скопје, и децата мора исто така  лично да се појават. Следните документи треба да ги носите со себе:

  • Вашата валидна патна исправа т.е. лична карта со печат за излез од земјата (во оригинал со една копија). Ве молиме внимавајте на тоа да ги ископирате страниците во пасошот, на кои се наоѓаат печати со излез од земјата
  • Oбразец од Службата за странци во оригинал (потврда за преминување на граница - Grenzübertrittsbescheinigung).
nach oben